19 Декември, 2025
0.0388

ГРАЃАНИТЕ ЧЕКААТ ПОМОШ: Институциите немоќни, камерите ги следат политичарите!

Објавено во: Економија 12 Август, 2016 08:34

Добивај вести на Viber

Поплавена е иднината на луѓето во Стајковци, Арачиново, насекаде. Несреќата е поголема затоа што неколку дена по поплавата се уште нема координирана акција на теренот. Иако политичарите парадираат, факт е дека во селата е хаос. Македонија не знае да се справува со вакви сериозни предизвици. Институциите делуваат немоќно, а камерите ги регистрираат главно политичарите. Сведоштвата на хуманитарците за Фактор откриваат дека и помошта се дели селективно, а дека “Ужасната несреќа за жал наjјасно ја опишува состојбата која со години владее во државата. Од една страна гледаме неспособни и неспремни институции да се сносат со проблемите,  а онаму каде се нуди помош истата е селективна и нецелосна. Со години наназад токму партизираните институциите со сите свои недостатоци се главната кочница во решавањето на проблемите. Нашите институции се едноставно, киднапирани, целосно партизирани , претворени во штабови на владеачката структура каде што влезниот билет одамна веќе не е дипломата туку партиската книшка, и заради една ваква понижувачка ситуација во која се западнати истите, ние и не можеме да очекуваме ништо друго освен да тие при една ваква криза бидат изгубени како гуски во магла. Неспремноста на оваа администрација да се справи со поплавите најјасно ја гледаме во т.н. ад хок кризен штаб кој наместо да функционира како редовна институција спремна за ваква природна катастрофа тој се формира по настанувањето на штетата. Секоја држава располага со буџетски средства за кризни ситуации па така и нашата. Но за разлика од останатите нашата државата не е спремна и не знае како да ги искористи истите”- вели студентот Шабановиќ. Од друга страна, на терен има и луѓе што се спремни да помогнат. Како студентот Шабановиќ, како хуманитарците што ги испрати соседна Бугарија. „Се беше во тиња, кал, хаос. Секој трчаше, бараше помош. Не чекаа, сакаа Бугарите да им помогнат, ни се радуваа. Не пречекуваа како херои“, раскажал главниот спасител Лачезар Стражаков кој испумпал вода од над 50 куќи во Стајковци. „Најтешко беше да ја гледаме маката во очите на луѓето кои ги загубиле своите домови. Имаше разрушени куќи, како и станови, кои се подготвени да се урнат во секој миг. Целата покуќнина на луѓето беше уништена“, раскажува тој. За жал само инцидентно им се помага на луѓето. Засега. Собранието е се уште на одмор. Ќе се состане дури в недела. Владата функционира, но телефонската координација не вродува плод, а луѓето што изгубија многу се веќе уморни. На терен е потребна  многу поголема координираност.  Има голем број на граѓани кои сакаат да се приклучат кон волонтерските акции но се одвратени поради недостатокот на информации.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите