17 Мај, 2024
0.0319

Грчката полиција започна расчистување на миграцискиот камп кај Идомени

Објавено во: Балкан 24 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Најмалку 200 грчки полицајци почнаа да го расчистуваат бегалскиот камп кај Идомени на границата со Македонија, пишува АФП. Во моментот 8400 бегалци сеуште живеат таму.

При расчистувањето не се употреби сила а полицајците на терен започнаа да пристигнуваат уште вчера, повикувајќи ги бегалците да ги соберат шаторите и да се качат на автобусите, со кои ќе бидат однесени до предвидени засолништа. На местото има и десетици полицајци во цивилна облека, како и 20 полициски комбиња.

Според податоците на Атина во моментот има 6000 слободни места во регистарски центри за бегалци, како и повеќето од луѓето од Идомени ќе бидат преместени во кампови околу Солун, што повторно не е далеку од северната граница.

До натрупувањето на бегалци на грчко-македонската граница се стигна по ефикасно затворање на балканскиот правец во март. Активностите на страните во него беа легитимирани од Брисел со договорот ЕУ-Турција од 18 март, во рамките на кој Анкара се согласи да ги прифати назад сите илегални бегалци на територијата на Грција.

Македонија престана да пропушта на луѓе кои не доаѓаат од конфликтни зони, уште кон крајот на минатата година. Во март целосно престана преминувањето на бегалци.

Така дојде да зголемувањето на бројот на луѓето во Идомени, кои во одредени моменти достигнаа над 10 000 лица. Големи групи на неколку пати направија безуспешни организирани обиди да преминат нелегално во Македонија, но беа запрени од граничните служби.

Истовремено условите за живот внатре во шатори беа под животниот минимум. Сепак повеќето од бегалците одбија да бидат преместени во други приемни точки во Грција.

Според дописникот на АФП, повеќето од жителите на Идомени се жени и деца, кои се обидуваат да стигнат до свои роднини или мажи, веќе поминале по миграцискиот правец кон Западна и Северна Европа.

Можеби ќе ве интересира

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години