19 Декември, 2025
0.0863

Грчки министер во Скопје по референдумот, ќе се разговара за пуштање на нафтоводот

Објавено во: Економија 25 Септември, 2018 13:14

Добивај вести на Viber

зградбата на гасоводот помеѓу Грција и Македонија и и целокупното јакнење на енергетските односи меѓу двете земји во областа на електричната енергија и течниот гас, ќе доминираат во разговорите што ќе ги има грчкиот министер за животна средина и енергија, Јоргос Статакис, кој во понеделник или ден после референдумот доаѓа во посета на Македонија, пишува грчката агенција Amna.

Договорот за гасоводот Солун-Неготино беше потпишан од страна на грчката државна енергетска компанија ДЕСФА и Македонските енергетски ресурси (МЕР) во октомври 2016 година, по што следуваа серија последователни состаноци помеѓу претставници на двете компании за промовирање на проект.

Со проектот, Македонија ќе добие пристап до алтернативни извори на снабдување со природен гас преку Грција, чија цел е да стане регионален енергетски центар, ако се создадат услови гасоводот до Скопје во иднина да се прошири до други балкански земји, со што ќе добијат пристап до повеќе пазари.

Во секторот на електрична енергија, двете земји ќе разговараат и за надградба на постојната интерконекција Флорина – Битола.

Што се однесува до секторот за течни горива, во тек се преговори за повторно отворање на нафтоводот Солун-Скопје, со цел, меѓу другото, да се искористат складишните површини во рафинеријата ОКТА за снабдување на земјите од регионот.


Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?