Грчките кредитори предупредуваат за „многу големи“ ризици за економските реформи
Објавено во: Балкан 17 Декември, 2012 19:09
Политичкиот отпор и можни судски дела се меѓу големите ризици за реформите кои се дел од програмата за економски спас на Грција, тврдат европските кредитори на Атина.
Долгоочекуваниот извештај на ЕК и ЕЦБ открива заклучоци на Тројката кредитори од ЕУ, ЕЦБ и ММФ по однос на напорите на Атина да ги постигне целите зацртани во договорот за финансиска помош во висина од 130 милијарди евра.
Формално извештајот потврдува дека Грција ја заслужува последната транша од договорот, но предупредува дека се уште постои ризик да не се исполнат барањата.
- Клучни ризици се во нецелосно политичко ангажирање бидејќи коалициската поддршка за владата е кревка, и некои делови од програмата имаат политички отпор, независно од решеноста на владата, се вели во документот.
- Важните буџетски мерки веројатно ќе бидат нападнати во суд што може да се одрази на пополнувањето на буџетската дупка...намалувањето на расходите во 2013 година може да влијае негативно врз слабата економија, се вели во извештајот.
Прогнозите се дека грчката економија ќе ослабе со шест отсто, за уште 4,2 отсто ќе се намали БДП пред да се регистрира раст од 0.6 отсто во 2014 година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени





