Грчките пратеници гласаат за мерките за штедење
Објавено во: Балкан 07 Ноември, 2012 09:57
Според законот, возраста за пензионирање се зголемува од 65 на 67 години, пензиите меѓу 1.000 и 1.500 евра се намалуваат за пет отсто, оние меѓу 1.500 и 2.000 евра за 10 отсто, а оние над 2.000 за 15 проценти. Бонусите за Божиќ, Велигден и одмор ќе бидат укинати, а еднократните исплати за луѓето кои се пензионираат ќе бидат намалени до 83 проценти, во зависност од секторот.
За време на преговорите со „тројката“, премиерот Андонис Самарас сакаше да ги сочува таканаречените „специјални плати“ во државната администрација кои им се исплаќаат на воениот персонал, безбедносните служби, судиите и лекарите. Но предлог-законот предвидува намалување и на ваквите приходи од два до околу 30 проценти за овие категории вработени во јавниот сектор.
Судиите се најмногу погодени, затоа што нивните плати се намалени за 30 отсто.
Вработените во јавните претпријатија, познати како ДЕКО, се соочуваат со слични намалувања на платите, затоа што се ставени во платната структура на јавната администрација. Тоа значи дека платите ќе се намалат за 30 до 35 отсто, а максимумот за приходите е одреден на 1.900 евра месечно.
Исто така ќе се намалат и платите на работените во министерствата, во локалната власт, во Националната разузнавачка служба и на претседателот на државата. Јавните службеници повеќе нема да добиваат бонуси за Божиќ, Велигден и за одмор.
Според предлог-законот, на 2.000 државни службеници оваа година ќе им се даде известување за технолошки вишок по што една година ќе примаат 75 отсто од платата, а потоа ќе бидат отпуштени ако за нив не се најде друга позиција.
Уште 6.250 државни службеници ќе бидат отпуштени на ист начин на секои три месеци следната година. Правилото да се вработи еден работник на отпуштени пет, ќе биде на сила до 2016 година.
Во однос на прописите за работните односи, законот и дава право на Владата да ја одреди минималната плата од април следната година, го намалува периодот за отказен рок и го ограничува надоместот за работниците со повеќе од 16 години стаж.
Нацрт-законот, исто така, предвидува либерализација на 14 професии, меѓу кои се адвокатите и инженерите. Законот има за цел да ги отстрани забраните во другите сектори, како што е на пример, да им се дозволи на супермаркетите да продаваат производи од тутун. На сопствениците на продавници исто така им се дава право да побараат од вработените да работат повеќе флексибилни часови, што може да доведе и до работење во недела.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени
Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година





