ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?
Објавено во: Економија 14 Јануари, 2025
И јужниот сосед бара работници. Грчката економија е оштетена од немањето работници. Во Грција има 200.000 слободни работни места, a се бараат работници и од странство.
Недостиг има во образованието (11.642 отворени работни места), трговијата (8.447), јавната администрација и одбраната (6.903) и угостителството и сместувањето (6.345).
Плус има околу 120.000 слободни позиции во примарниот сектор (земјоделство, сточарство, рибарство итн.), со што вкупниот број – врз основа на горенаведените бројки – е скоро 170.000.
Како што нагласува Јоргос Кутруманис, поранешниот министер за труд и социјала, реалниот трошок за секое непополнето работно место се проценува на 7.500 евра годишно за државната каса.
Приближно 5.400 евра се губат од придонеси, додека изгубениот приход од данок на доход се проценува на 800 евра годишно. Но, има и загуби од индиректните даноци, пресметани на околу 1.300 евра годишно. Повеќето земји во регионот се соочуваат со недостиг на работна сила.
foto freepik.com