ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?
Објавено во: Економија 14 Јануари, 2025
Утре завршува „новогодишната кошничка“.
Таа траеше еден месец и вклучуваше скоро 1.200 производи. Надлежните очекуваа поевтинување на основните прехранбени производи за најмалку 10 проценти во споредба со цените во претходните 30 дена.
Надлежното Министерство за економија и труд апелираше до трговците да се придржуваат до договореното, најавувајќи дека доколку тоа не го направат тоа, ќе се активира одлука за замрзнување на цените или ограничување на маржите. Граѓаните се жалеа дека цените во маркетите и натаму се високи. Можно е да има рамазанска и велигденска кошничка.
foto freepik.com