ГРЦИЈА ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДИ: Добредојде за српските туристи од 15.јуни
Објавено во: Македонија, Балкан 05 Јуни, 2020
Србија е меѓу
15-тте земји од каде е дозволен влез на туристи во Грција од средина на
месецов. Истиот ден треба да биде повторно воспоставен и авионскиот сообраќај
меѓу двете земји.
Овие информации се потврдени по разговорот меѓу српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ и амасадорот на Грција во Белград, Јоргос Дијакотофакис.
Дополнително српското МНР информира дека министерот Дачиќ на 12.јуни ќе претстојува во официјална посета на Атина, каде што со неговиот колега, Никос Дендиас, ќе разговбараат за најважните прашања кои се однесуваат на двете земји, како и за актуелните теми на планот за надминување на последиците од пандемијата на коронавирусот.
Инаку, во првичната листа од 29 земји која ја направи Грција, и од каде е дозволен влез на туристи, беше и нашата држава.
Епидемиолозите во земјава велат дека ситуацијата сега е променета заради огромниот број на новозаразени, па не сме веќе безбедна земја за останатите, но потенцираат дека состојбата може да се промени, и дека листите исто така се менуваат, но повторно потенцираат дека тоа ќе зависи од епидемиолошката слика на државата.
Во меѓувреме, бугарското министерство за здравство, исто така поради зголементот број на позитивни праѓани на Ковид-19, даде препорака сите граѓани на Македонија, при влез во Бугарија да останат во 14-дневен задолжителен карантин.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.