ГРЦИТЕ НАПРАВИЈА „ПУЗДЕР“,ГИ ОДРАА ФИНАНСИСКИ ТУРИСТИТЕ:За свртена лежалка кон море барале 40 евра!?
Објавено во: Финансии 19 Јули, 2023
Се чини дека Грција и тамошните цени финансиски ги сотреа луѓето кои годинава заминаа таму на одмор.
Овој пат, во групите на социјалните мрежи се споделува искуство за прескапи лежалки.
„ Не знам како е на други места, но овде во Пефкохори се безобразни со цените на лежалките.
За четиричлено семејство бараат од 40 до 25 евра за лежалка, во зависност од тоа во кој ред седнуваш, дали е свртена кон море или не, а за мали деца ни наплаќаа пола цена и не добија лежалка. Ако ја надминете таа сума во потрошувачката на храна и пијалоци, тогаш не ја плаќате лежалката. Се надевам дека некому ќе му биде од корист. Инаку децата ни се по 4 и 6 години“, се вели во искуството споделено во групата Во живо од Грција на Фејсбук.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.