РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ФУДБАЛЕР ДА БИДАМ: Еве колу пари ќе земат репрезентациите на Европското првенство во фудбал
Објавено во: Финансии 26 Јуни, 2024 07:20
Еден милион за победа, 500.000 евра за нерешено! Колку пари ќе земат репрезентациите на ЕП во фудбал?
Прашањето за парите и фудбалот секогаш одат заедно. Колку е платен Роналдо, колку Митровиќ, колку Нејмар? Она што им е заедничко се главно вртоглави милиони бројки. А колку се платени репрезентациите, особено во духот на Европското фудбалско првенство што е во тек?
Секоја од 24-те репрезентации кои успеаја да се пласираат на ЕП 2024 и со тоа што успеаја да стигнат до ова натпреварување во Германија, заработија 9,25 милиони евра.
Секоја победа во групата на репрезентациите им носи дополнителен милион евра, ремито резултира со половина милион, а Европската фудбалска унија пред почетокот на натпреварувањето објави колкав ќе биде вкупниот награден фонд - 331 милион евра.
УЕФА ќе ги награди екипите за пласман во осминафиналето со дополнителни 1,5 милиони евра, за четвртфиналето со 2,5 милиони, а за полуфиналето со четири милиони евра.
Кој ќе стигне до финалето и ќе го загуби тој меч добива пет милиони евра, додека идниот европски првак ќе инкасира осум милиони евра.
Максималната сума што може да ја добие една екипа, а која ги подразбира сите победи, вклучувајќи ги и сите три натпревари во групата, е - 28,25 милиони евра, пишува порталот Морнингстар.
Колку заработуваат играчите?
Она што се издвојува како важна работа е тоа што на Европските и Светските првенства фудбалерите не заработуваат плата за настап во својата репрезентација. Наместо тоа, тие добиваат бонуси или дневници врз основа на перформансите на тимот.
Наградните пари одат за фудбалската асоцијација или организација на една земја, а здружението дели пари на спортистите врз основа на договорите потпишани од играчите пред турнирот.
Репрезентациите и нивните фудбалски асоцијации имаат посебни договори со своите играчи за платите, така што фудбалерот на белгискиот тим, на пример, не може да добие ист износ како играч во француската репрезентација, дури и ако тимовите освоиле ист број на игри.
Многу фудбалски федерации на своите играчи им плаќаат паушално, а некои од нив, особено оние кои заработиле големи суми во клупската кариера, често ги донираат парите што ги добиваат.
Што прават фудбалерите со парите?
На пример, кога француската сензација Килијан Мбапе имаше 19 години, тој заработуваше околу 22.300 долари по натпревар на Светското првенство во 2018 година, плус пријавен бонус од 350.000 долари за победа во финалето.
Тој тогаш парите ги донираше на Здружението Premiers de Cordees кое организира спортски настани за деца со пречки во развојот.
Еуправозато* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





