ЛОШИ ВЕСТИ ПРЕД ОДМОРИТЕ: Авиобилетите ширум светот поскапуваат, еве ја пресметката на Луфтханза, со неа летаат и многу Македонци
Објавено во: Финансии 26 Јуни, 2024 06:30
Германската авиокомпанија Луфтханза најави дека ќе ги зголеми цените на билетите поради еколошката такса која треба да ги покрие повисоките трошоци за гориво.
Цените на авио билетите ќе се зголемат од едно до 72 евра, во зависност од видот на билетот, на сите летови кои полетуваат од земјите на ЕУ, Велика Британија, Норвешка и Швајцарија, се вели во соопштението на Луфтханза, пренесено од Ројтерс.
Колку за потсетување, ЕУ бара од превозниците постепено да ја зголемуваат употребата на одржливо гориво во летовите што поаѓаат од аеродромите во земјите-членки на Унијата, забележува Ројтерс.
„Надоместокот за заштита на животната средина ќе покрие дел од дополнителните трошоци кои континуирано растат поради регулаторните барања за заштита на животната средина и вклучуваат употреба на одржливо воздухопловно гориво од биолошки материјали, што е клучно, како што се оценува, за намалување на загадувањето на воздушниот сообраќај“, велат од Луфтханза.
„Надоместокот за трошоци за заштита на животната средина ќе покрие дел од повисоките трошоци во 2025 година“, велат од компанијата.
Авиокомпаниите со години предупредуваат за трошоците
Извршниот директор на Луфтханза, Карстен Спор, минатата година предупреди дека целите на ЕУ се тешко остварливи, а потоа навести дека ќе им се префрлат повисоки трошоци на патниците.
Авиокомпаниите со години предупредуваат дека регулативите за одржливо гориво може да ги зголемат нивните трошоци.
Ер Франс-КЛМ воведе еколошка такса во 2022 година, барајќи доплата од 12 евра за билети или четири за економска класа.
Блиц.рс* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





