Грците започнаа да се капат на плажите
Објавено во: Балкан 09 Мај, 2020
Со зголемувањето на температурите и укинувањето на забраната за пливање, Грците се собираат на плажите за сончање и освежувачко нуркање во морето. Но, дури и ако се укинати ограничувањата, „одржувајте го безбедносното растојание на плажа“ е слоганот на летото 2020 година. Растојанието од најмалку 3 метри е задолжително ова лето, а треба да се носат и средства за дезинфекција.
Според експертите, пливањето во море или во хлориран базен е безбедно. „Ништо не е пронајдено за пренесување на вируси таму, ниту теоретски може да се каже дека постои потенцијален ризик“, рече професорот за заразни болести на Аристотелскиот универзитет во Солун, Павлос Николаидис. Тој додаде дека е малку веројатно некој да го фати вирусот од песок, бидејќи главниот пат на пренесување на вирусот е преку респираторниот начин.
Тој и секој друг здравствен експерт во Грција предупредуваат дека проблемот е гужвата и да се одржува социјалното растојание. Организираните комерцијални плажи сè уште остануваат затворени, но локалните ја отворија сезоната со правилата за пандемиска безбедност, иако владата сè уште официјално ги нема издадено.
Општина Глифада во јужна Атина веќе ги постави чадорите за сонце во текот на неделата на оддалеченост од 10 метри едни од други. Поставени се вкупно 300 чадори, односно само половина од лани за да се исполнат мерките за безбедност.
„Глифада се подготвува да го дочека летото со пропишано растојание и мерки за да можат нејзините граѓани да бидат безбедни заради коронавирусот“, објави градоначалникот Јоргос Папаниколау на социјалните медиуми.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.