26 Април, 2024
0.0282

ГРЕКО има забелешки и за работата на СЈО

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Специјалното јавно обвинителство се споменува во извештај на Групата земји за борба против корупцијата (ГРЕКО).

Обвинителите не гонат висока корупција и политички чуствителни случаи, наведуваат експертите на ГРЕКО.

Според нив, системот на кривична правда во Македонија не е успешен во борбата против корупцијата. Ова стои во новиот извештај за Македонија за спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот.

Наведуваат дека иако Специјалното јавно обвинителство оформи предмети во суд за неколку случаи на корупција на високо ниво кои произлегуваа од скандалот со прислушување, обвинителите генерално не гонат систематски случаи од висок профил или политички чувствителни случаи.

Се смета дека напредокот ќе зависи од тоа дали судството може да почне да функционира независно и непристрасно.

Министерството за правда го објави Извештајот на ГРЕКО за Евалуација на Република Северна Македонија за „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот“.

Ако погледнеме во поширок контекст, до крајот на 2018 година, Србија нема целосно исполнето ниту една од 17-те препораки на Советот на Европа за борба против корупцијата. Седум препораки се делумно исполнети, десет воопшто не се исполнети, со што Србија е една од трите земји, заедно со Босна и Херцеговина и Шпанија, кои немаат исполнето ниту една од препораките.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот