05 Мај, 2024
0.0225

„Гринпис“ предпредува: Во облеката на многу познати брендови има опасни хемикалии!

Објавено во: Стил 30 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Облеката произведена од многу познати производители содржи формалдехид кој се поврзува со многу здравствени проблеми како карцином, алергија, несоница и ослабен имунитет, предупреди Меѓународното Здружение на еколошки активисти „Гринпис“.

Оваа хемикалија производителите ја користат за да обезбедат производите да изгледаат сјајно и да не се туткаат за време на транспорт. Добрата вест е што дел од формалдехидот при перењето на облеката испаѓа, но делот кој останува во текстилот може да предизвика здравствени проблеми.

Според анализата направена од активистите на „Гринпис“, оваа хемикалија е присутна речиси во сè од нашето опкружување: теписи, завеси, душеци…

„Гринпис“ објави дека 20 познати светски модни брендови кои во процесот на изработка на облеката користат и други опасни хемикалии, со кои се загадува животната околина и се загрозува здравјето на луѓето.

На крајот на минатата година ова Здружение ги објави резултатите од истражувањето на присутни токсини на 141 примероци на облека од 29 земји. Во две третини од нив, најдени се опасни супстанци, кои можат да предизвикаат сериозни заболувања и хормонални нарушувања.

Меѓу познатите брендови се наоѓаат:„Giorgio Armani“, „Benetton“,„Blažek“,„ C&A“„Calvin Klein“, „Diesel“, „Esprit“,„Gap“ „H&M“, „Jack&Jones“, „Levi’s“ „Mango“, „Marks&Spencer“, „Meters/bonwe“,„Only“, „Tommy Hilfinger“ „Vancl“, „Vero Moda“, „Victoria’s Secret“ и „Zara“.

„Гринпис“ побара од производителите кои сериозно се поигруваат со здравјето на луѓето до 2020 година да престанат со користење на опасни хемикалии во производите.