29 Март, 2024
0.0258

Гризи Греби Касај

Објавено во: Стил 04 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Ми рекоа дека треба да пораснам. Ми рекоа дека треба да се уозбилам. Ми рекоа дека треба да сум сериозна, соодветна со годините. Ми рекоа дека сум преамбициозна, ми рекоа дека не може така, мора вака. Ми рекоа дека треба да се смирам, да се стишам нели, да бидам поразумна, животов течел, време минувало. Треба да се омажам, да родам, да бидам мајка и сопруга, да не се бунам, да не пребирам, да се помирам, дури и да престанам да сонувам. Да одберам сериозна професија, па што е тоа, фустанчиња шиеш, да не се залетувам, сепак сум само една жена, да не се двојам толку, да пробам да се вклопам, да бидам дама, да бидам домаќинка, да имам разбирање за сите освен за себе..

А јас па некако одам два чекори напред, и со цела моја сила, со сите изгубени и обновени атоми, со сите мои визии и идеали, со цела своја снага што носи повеќе од планина, решив да не застанувам. Да не се вртам назад, да почнам да се ценам себе си и да, да си го најдам своето место. Јас ќе го создадам тоа место за себе, со крената глава, јас ќе газам боса по стакло за моите соништа, јас ќе дозволам да го поместам прагот за толеранција на болка за да ја оставарам својата цел.

Целата колумна на Ивана Кнез читајте ја на Женски магазин, тука.