Грковска за Јовески: Не треба да биде уставен судија
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2022
Вицепремиерката Славица Грковска во Топ тема на Телма изјави дека републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески не треба да биде уставен судија.
„Не сметам дека треба да биде уставен судија. Затоа што, она што требаше да го направи како Републички јавен обвинител, не го постигна на таа позиција и не гледам причина зошто понатаму би имал можност да продолжи со кариерата како уставен судија“, изјави Грковска.