Добивај вести на Viber
Од УХМР информираат дека до петок во попладневните часови ќе има честа појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Дневните температури постепено ќе опаѓаат.
И метеорологот Славчо Попоски предупредува дека територијата на Македонија продолжува да биде под влијание на циклонската активност која е со центар над Средоземјето. Во вакви околности денес попладне и во вечерните часови во поголем дел од Македонија ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Локално и на повеќе места повторно процесите ќе бидат застапени во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика локални поројни поплавувања, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења како и со појава на крупен град. Вакво силно невреме особено се очекува во западната половина од државава, како и во северните предели.
Услови за ново посилно невреме ќе има и во делови од Скопската котлина.
Апелираме во случај на појава на силно невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на крупен град автомобилите да се заштитат.
Инаку продолжуваат високите температури во Македонија, па така максимумот на истите ќе се искачува во интервалот од 30 до 38 степени, во Скопје до околу 35 степени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.