КОЈ Е ПРВИОТ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ЌЕ ГО ВОДИ МВР? Тошковски ја презема функцијата министер за внатрешни работи
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2024 13:19
Панче Тошковски, кој беше министер за внатрешни работи во техничката Влада од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи.

Како што соопшти МВР, на чинот на примопредавањето на функцијата во Министерството за внатрешни работи, од страна на досегашниот министер Назим Буши, Тошковски му се заблагодари на Буши за неговиот досегашен ангажман во Министерството.

Министерот Тошковски, кој е кадар во новата влада од ВМРО-ДПМНЕ, претходно денеска присуствуваше на одбележување на Меѓународниот ден на бегалците во Парламентот.
Панче Тошковски е роден во Велес на 14 јуни 1982 година. Дипломирал и магистрирал на Правниот факултет во Скопје и има положено адвокатски и правосуден испит. Во политиката влегува по повеќе од десетина години работа како адвокат во периодот од 2011 до 2024 година.
Од 2011 до 2013 година бил член на одбор на директори на Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор сопственост на Република Македонија, додека од 2008 до 2011 работи како советник во Министерството за транспорт и врски.
Членувал во повеќе комисии, бил обучувач во повеќе проекти. Има положено испит за проценка на недвижен имот при Комората на проценувачи, основна обука за протокол при МВР, како и повеќе обуки и семинари за менаџмент, лидерство и управувачки способности.
Во неговата биографија приложена со Собранието стои и дека работел како приправник во Основен суд Скопје 2 и адвокатски приправник. Одлично го зборува и англискиот јазик.
Извор и фото: МИАМожеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




