28 Јуни, 2024
0.0309

ТАРАВАРИ СЕ ПРОСТИ ОД ГОСТИВАРЧАНИ: Еве кој ќе седне на градоначалничкото место откако тој стана министер

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Ова е едно од најпосебните писма во мојата кариера бидејќи e посветено на Гостивар и гостиварци, градот во кој сум роден, израснат и на чија земја почива мојот покоен татко, истакна Арбен Таравари на фејсбук, откако одлучи да стане министер за здравство во новата влада.

 Ја имав големата привилегија да бидам силно поддржан од вас за да бидам градоначалник на овој град во два последователни мандати. Под слоганот Гостивар Прв, продолживме да работиме до сега кога ги пишувам овие редови со истиот мотив. Но, сега решив да се повлечам од оваа функција! Сакам да му се заблагодарам на мојот тим, на сите што работеа покрај мене со посветеност! Оние кои работеле долги часови, кои дале многу повеќе труд од својата плата, оние кои не се појавуваат и не сечат инаугурациски ленти, тие се вистинските херои кои ставиле печат на секоја нова улица, секоја градинка, училиште, парк и јавна површина. Сакам да им се извинам на сите оние на кои не успеавме да им завршиме работа... во сиромашна земја, а особено со противничка влада каква што имавме, многу е тешко да ги исполниш обврските што ги имаш, но како и да е, политичката промена веќе се случи и ќе дојдат подобри времиња. Само зашто ја преземам целата одговорност, и ви се извинувам! Мене ќе ме замени Валбон Лимани како вршител на должноста, овој одличен човек, кој веќе го заслужува тоа место повеќе од мене. Ќе станам министер за здравство, ќе бидам ангажиран со партијата и со ВЛЕН, но секогаш ќе бидам подготвен да му помогнам на Гостивар. На крајот, бидејќи вие сте најважни, сакам да ви се заблагодарам на вас Гостиварци! Ви благодарам на сите без никаква партиска или етничка разлика! Можеби не сте знаеле затоа што обично овие работи не се кажуваат на говори и политички собири, но вие бевте мојата сила и предизвик. Посакувам да ве направам горди на кое било место и во секое време! Секаде и во секое време треба да знаете дека мојата врата е отворена за вас затоа што за мене Гостивар ќе биде засекогаш Прв!“, рече тој.



Можеби ќе ве интересира

МИЦОТАКИС СЕ ЖАЛЕЛ ВО ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ ОД МИЦКОСКИ И СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА: „Директно го прекршуваат договорот од Преспа“

МИЦОТАКИС СЕ ЖАЛЕЛ ВО ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ ОД МИЦКОСКИ И СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА: „Директно го прекршуваат договорот од Преспа“

„Објект од загадувачка индустрија се гради на осумдесет метри од изворот на вода за пиење“: Левица за градбата во подножјето на Беласица

„Објект од загадувачка индустрија се гради на осумдесет метри од изворот на вода за пиење“: Левица за градбата во подножјето на Беласица

И ЗА ДЕНЕС МЕТЕОАЛАРМ: Еве каде ќе има невреме

И ЗА ДЕНЕС МЕТЕОАЛАРМ: Еве каде ќе има невреме

ДАЛИ ТАРАВАРИ ЈА ЗНАЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА И ДАЛИ ТАА МУ ПРЕЧИ? Еве каков одговор даде на ова прашање

ДАЛИ ТАРАВАРИ ЈА ЗНАЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА И ДАЛИ ТАА МУ ПРЕЧИ? Еве каков одговор даде на ова прашање

„НАЈИТНО ДА СЕ СТОПИРА ЦЕЛИОТ ПРОЦЕС ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ“: Џафероски вели целата процедура е „мафијашка“

„НАЈИТНО ДА СЕ СТОПИРА ЦЕЛИОТ ПРОЦЕС ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ“: Џафероски вели целата процедура е „мафијашка“

И ВЧЕРА НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Еве како изгледаше и што остана по него

И ВЧЕРА НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Еве како изгледаше и што остана по него

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме повторно ја зафати Македонија, оштетени покриви, автомобили, навалени бандери, паднати дрвја

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме повторно ја зафати Македонија, оштетени покриви, автомобили, навалени бандери, паднати дрвја

СРПСКИ МЕДИУМИ: Претседателката на Северна Македонија ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово

СРПСКИ МЕДИУМИ: Претседателката на Северна Македонија ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи