Грозданова за вакцинацијата: Ризиците се илјадници пати помали од ризикот што го носи ковид-19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Април, 2021
Сите вакцини се безбедни, ризиците се илјадници пати помали од ризикот што го носи ковид-19, вели претседателката на Националниот комитет за имунизација Александра Грозданова.
Таа рече дека планот за вакцинација со „АстраЗенека“ кај постарото население се одвива одлично, а околу 75 проценти од здравствените работници веќе се вакцинирани со „Фајзер“ и „Спутник“. За граѓаните со одредени заболувања, таа вели дека нема да има препораки за да се прима одредена вакцина. Грозданова смета дека најдобро е секој еден граѓанин во зависност од моменталната здравствена состојба, историја на болест ако има да се консултира со матичниот лекар или специјалистот.
„Не е исто на пример дали моментално имате некоја онколошка болест, или сте излекуван или колку време поминало. Затоа е најдобро консултацијата освен со матичниот да ја направите и со специјалистот,“ советува Грозданова.
За безбедноста на вакцината „АстраЗенека“ таа вели дека вакцината не е суспендирана за помладите, туку државата само ги следи искуствата од другите земји.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.