19 Декември, 2025
0.0365

Грци, Турци, Срби- Македонија се по атрактивна за туристите

Објавено во: Економија 12 Април, 2013 15:52

Добивај вести на Viber

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат пораст на бројот на туристи во земјава. Според македонската статистика  најчесто на гости ни доаѓаат луѓе од Грција, Турција, Косово, Србија. Интересен е податокот дека во овој период дошол само еден турист од, според класификацијата на Статистика, други земји од Австралија и Океанија. Странските гости во земјава најчесто сакаат да се сместуваат во хотелите со пет ѕвезди, и тоа 5.499, додека најмалку во детски одморалишта и тоа само четворица. Бројот на туристите во февруари оваа година изнесува 25.599, а бројот на ноќевањата изнесува 58.323. Оваа година бројот на туристите во февруари е зголемен за 8,7 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10,3 отсто. Бројот на домашните туристи во февруари оваа, во однос на февруари лани, е зголемен за 11,1 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 7,2 отсто. Додека бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2013 година, во однос на февруари 2012 година, е зголемен за 12,8 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 8,3 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба