Добивај вести на Viber
Грчката коалициска Влада неколку минути по полноќ го донесе законот кој ги содржи структурните реформи и мерките за штедење. Вкупно 153 од 300 пратеници ги одобрија мерките кои го отворија патот за Грција да ја добие следната транша од помошта во висина од 31,5 милијарди евра, кои и се неопходни за да не банкротира. Против пакетот гласаа 128 пратеници, додека 18 беа „воздржани“. Донесувањето на мерките за штедење ја чинеше коалициската Влада неколку пратеници. Лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос исклучи шест пратеници од неговата партија затоа што рекоа дека ќе гласаат против пакетот. Меѓу нив е и поранешниот министер Костас Скандалидис, за кој се шпекулираше дека е водач на „бунтовниците“ кај социјалистите. По ова бројот на пратеници на ПАСОК се намали на 27.
Од Нова демократија беше исфрлен еден пратеник, по што конзервативците имаат 126 пратеници.
Во говорот пред пратениците неколку часа пред гласањето, премиерот Андонис Самарас рече дека во прашање е доведена иднината на Грција во еврозоната и апелираше до пратениците да гласаат „за“.
- Денеска гласаме за тоа дали ќе останеме на еврото или се враќаме во изолација, рече тој. Самарас призна дека намалувања на платите и пензиите се неправедни, но инсистираше на тоа дека тие ќе бидат последни и оти секоја „идна корекција“ ќе биде ограничена на намалување на даночното затајување.
Тој истакна дека промените што ги спроведува неговата Влада се „револуција“.
- Клучната цел остана одобрувањето на следната транша од финансиската помош во висина од 31,5 милијарди долари, од кои само 3,2 милијарди ќе се потрошат за подмирување на долгот, изјави Самарас.
Лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос кажа слична забелешка, велејќи дека Грција има две опции.
- Една од нив е драматично тешка, другата е целосна катастрофа, рече Венизелос. Тој го нападна лидерот на левичарската опозиција СИРИЗА Алексис Ципрас обвинувајќи го за „инвестирање во политичка смрт на земјата“ со повик за нови избори.
Претходно, Ципрас повторно побара предвремени избори, истакнувајќи дека коалицијата не се држи до своите ветувања. Тој рече дека напорите на Владата да обезбеди продолжување за фискалното прилагодување биле непотребни.
- Единствено продолжување што ни треба е на јажето на кое ќе се обесиме, нагласи Ципрас.
Лидерот на помалиот коалициски партнер Демократската левица Фотис Кувелис го бранеше противењето на неговата партија на промените во законите за работни односи.
- Некои тврдат дека трудовите реформи се второстепено прашање. Тоа не е така. Законите за работни односи се патоказ за Грција по кризата. Ние не сакаме да бидеме дел од обновата на земја по колапс, рече тој.
Пред говорите на партиските лидери министерот за финансии Јанис Стурнарас го повлече предложениот амандман со кој вработените во Парламентот се вклучени во намалувањето на платите во државната служба, откако тие се заканија дека ќе штрајкуваат. Тој сепак рече дека мерката повторно ќе биде поднесена на гласање.
Претходно, СИРИЗА и десничарската партија Независни Грци повикаа да се гласа дали мерките за штедење се уставни додека голем број од пратениците на владејачката коалиција не беа во собраниската сала. Гласањето сепак се одржа и покрај обидот на СИРИЗА да го повлече барањето откако пратениците на коалицијата се вратија во салата за да гласаат и да спречат можен пресврт на ситуацијата.
Во меѓувреме, меѓу 70 и 100 илјади луѓе се собраа вчера доцна попладнето пред Парламентот за да протестираат пред гласањето. Првично мирниот протест беше растурен откако некои од демонстрантите се судрија со полицијата. Тие фрлаа молотови коктели, на што полицијата одговори со солзавец и водени топови. Истиот ден, Врховниот суд соопшти дека смета оти предложените намалувања на платите на судиите се неуставни. Ревизорскиот суд исто така смета дека мерките се спротивни на
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.