Грција го стега ременот во очекување одговор за меѓународната помош
Објавено во: Балкан 19 Ноември, 2012 14:42
Грчкатата Влада со најава за нови реформи и фискален мониторинг се спрема за состанокот на еврогрупата закажан за утре, во време кога еврозоната останува поделена околу начините на спроведување на програмата за Грција, јавуваат грчките медиуми.
Со новините на Министерството за финансии му се даваат поголеми овластувања да ги надгледува другите министерства, а според законот, ако одредено министерство не ги исполни своите фискални цели два квартали по ред, Министерството за финансии ќе постави инспектор за да го надгледува трошењето во пракса. Министерството за финансии, исто така, ќе има поголема контрола врз финансиите на локалните власти и јавните претпријатија (ДЕКО), па на директорите на ДЕКО ќе им се намалуваат платите или ќе бидат прогласени за технолошки вишок, ако не ги исполнуваат финансиските цели поставени од страна на Владата. Исто така сите општини кои нема да ги средат своите финансии ќе мора да ги зголемат своите приходи од даноци и давачки, наместо да добијат повеќе средства од централната власт. На ден пред стедбата, Владата постигна договор за сел од барањата на кредиторите како што се лиценцирање на стручните колеџи и инсталирање на уреди за следење во камионите кои превезуваат гориво. На утрешниот самит на Еврогрупата, грчките власти се надеваат дека конечно ќе ја добијат следната транша помош и ќе избегнат банкрот.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени
Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година





