20 Декември, 2025
0.0404

Грција ќе извлече дополнителни милијарди евра од ЕУ

Објавено во: Балкан 06 Октомври, 2015 16:21

Добивај вести на Viber

Исклучително поволно за Грција решение донесе денес (6 октомври) Европскиот парламент. Со одлуката им се дозволува на јужните соседи да добијат „дополнително предфинансирање“ по одредени фондови на ЕУ за новиот програмски период (2014 - 2020), со што и се отстранува националното кофинансирање на одредени европроекти. Во вториот случај финансирањето се презема 100% од ЕУ. Одлуката на ЕП овозможува брзо одобрување и од страна на Европскиот совет, што ќе значи конечно зелено светло за Атина и донесеното поради „уникатните последици за Грција од глобалната финансиска криза“.

Според предлогот на ЕК, кој е базиран и на мислење на Комисијата за риболовно стопанство, каде известувач е поранешниот екоминистер и избрана за европратеник со поддршка на ДПС, Искра Михајлова, ќе има дополнително однапред финансирање за Грција на следниве линии:

- По сите оперативни програми во областа на политиката на кохезија за периодот 2014 - 2020 во рамките на цел „Инвестиции за раст и работни места“

- За програми финансирани од Европскиот фонд за морско дело и рибарство во Грција за периодот 2014 - 2020 година.

Во однос на националното кофинансирање за претходниот период (2007 - 2013), ЕУ презема исплати за целите „Конвергенција“ и „Регионална конкурентност за вработување“ во Грција. Тоа значи дека Атина нема да плаќа ни едно евро или цент од грчкиот буџет за овие ставки, откако во принцип таму има национално кофинансирање.

Поефикасно извршување на инвестициите за работните места и за морско дело во Грција за периодот 2014 - 2020 година се однесува на 35 милијарди евра. 20 милијарди евра ќе дојдат за Грција од Кохезивниот фонд и Европскиот фонд за регионален развој, Европскиот социјален фонд, Кохезивниот фонд, а другите 15 милјарди евра - по Европскиот земјоделски фонд за рурален развој и Европскиот фонд за морско дело и рибарство.

500 милиони евра ќе бидат доделени веднаш штом Европскиот совет го одобри предлогот на ЕК и ЕП, а уште 800 милиони евра ќе дојдат за затворање на проектите по горенаведените програми за претходниот период - „Конвергенција“ и „Регионална конкурентност и вработување“. А за новиот програмски период се зголемува претфинансирањето со 7% во програмите финансирани од Кохезивниот фонд во Грција. Така ЕУ може да „придонесе“ со уште 1 милијарда евра за развој на нашиот јужен сосед.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација