20 Декември, 2025
0.0771

Грција ќе претстави „болен“ предлог за 2016 година

Објавено во: Балкан 05 Октомври, 2015 10:56

Добивај вести на Viber

Се очекува во понеделник западнатата во тешка економска криза Грција да го претстави „болниот“ предлог за 2016 година, наменет да ги задоволи барањата на меѓународните кредитори, во кој се зема предвид тековната рецесија во економијата и се предвидува слаб раст во 2017 година.

Според зборовите на премиерот Алексис Ципрас грчките власти имаат намера да завршат со првичните проценки на реформите и да ги рекапитализираат банките што е можно поскоро, за да започнат преговори со земјите во еврозоната и меѓународните кредитори на земјата за отпишување на долгот.

Надежите на Атина се да успее да ги привлече инвеститорите и да се вратат што е можно поскоро на европските и светските пазари.

Потсетуваме дека по седум месеци на жестоки спорови и преговори со меѓународните кредитори, во јули Грција се согласи да ги имплементира фискалните ограничувања и економските реформи во замена за кредит во износ од 86 милијарди евра, со кој го задржа членството на земјата во еврозоната.

Иако владините претставници веќе неколку пати изразија оптимизам дека рецесијата оваа година ќе биде помека од предвиденото поради растот на приходите од туризмот и посилните од очекувањата податоци за првото полугодие, промени во економските прогнози може да има едвај подоцна.

Според официјалните податоци грчката економија во оваа година ќе се намали за 2,3%, а во 2016 година - 0,5%. Надворешниот долг до крајот на годината ќе достигне 196% од бруто домашниот производ на земјата, а во 2016 ќе изнесува 201%, со оглед на новите кредити од 86 милијарди евра, доделени на Атина по третата програма за финансиска помош.

„Главните цели во нацртот нема да се разликуваат од предвидувањата во спасувачкиот план“, изјавил претставник на Министерството за финансии.

„Нашата прогноза е за плитка рецесија оваа година, која би можела да биде преточена во конечен буџет, кој ќе биде доставен до парламентот во ноември, по првиот преглед на новата програма“, вели уште службеното лице.

Договорот со кредиторите предвидува остварување на 0,25 отсто примарен дефицит за 2015 година и примарни зголемувања од 0,5 проценти од БДП во 2016 година, пред земјата да се врати на раст во 2017 година.

Дипломатите и грчки официјални претставници велат дека Ципрас и неговата партија „СИРИЗА“ одлучиле да престанат да се спротивставуваат на доверителите засега, и да придонесат за исполнување на спасувачкиот план во потрага на олеснување на долгот и враќањето кон економска независност.

Министерот за финансии Евклидис Цакалотос ќе се сретне денеска со своите колеги од еврозоната во Луксембург, за да разговара за пакетот реформи кои Атина треба да ги прифати до средината на ноември, за да може да ја добие следната транша од спасувачките фондови.

Во исто време Ципрас ќе ја претстави својата четиригодишна владина програма пред пратениците во Атина пред гласањето на доверба во среда. Владата контролира 155 пратеници во 300-члениот парламент и се очекува гласањето да помине лесно.

Според очекувањата на грчките медиуми премиерот ќе понуди голем број на промени, кои ќе стапат во сила веднаш, меѓу кои реформите во управувањето на европските фондови, кои се во корист на малите бизниси во земјата.

Прогнозите се дека владата нема да го зголеми ДДВ-то за приватното образование веднаш, а прво ќе побара можности за намалување на тежината на оваа мерка.

Меѓу најтешките одлуки за новиот кабинет на Алексис Ципрас, пак, ќе бидат како да се надмине товарот од реформите барани од кредиторите, помеѓу кои во областа на образованието, здравството (главно за луѓето без осигурување) и општествената одговорност. Ќе бидат претставени и мерки за борба против даночното затајување, како и непријавените вработувања, додава уште грчкото издание „Етнос“.

Во денешното заседание на грчкиот парламент само еден ќе одговори на овие прашања а тоа е  Алексис Ципрас. Во следните два дена во дебатите ќе се вклучат и министрите и нивните заменици.

Ципрас е реизбран минатиот месец со мандат за спроведување на спасувачкиот план и за изнаоѓање на начин за ублажување на социјалните тегови за најсиромашните Грци.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација