05 Декември, 2025
0.0363

Грција остана без пари, Самарас предупредува: еврозоната е пред нов предизвик!

Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2012 20:12

Добивај вести на Viber

Држете се до своите обврски им порача грчкиот премиeр на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд, веднаш откако двете страни не успеаја да го направат грчкиот долг одржлив. Самарас предупреди дека по ова стабилноста на еврозоната е загрозена. Премиерот на најзадолжената земја во Европа вели дека тие направиле се што морало и на што се обврзале. -Нашите партнери во Меѓународниот монетарен фонд имаат обврска да го сторат тоа, тоа на што се согласиле. Не станува збор само за иднината на нашата земја, туку и за стабилноста на еврозоната, која зависи од успехот на овие напори ", вели Самарас. Самарас итно за Брисел Самарас денеска патува за Брисел, а утре ќе биде дел од самитот на лидерите на Европската унија, а ќе се сретне и со шефот на еврогрупата, Жан Клод Јункер. По неочекуваниот развој на настаните Самарас  ја откажа посетата на Катар со цел да учествува на следниот состанок меѓу еврогрупата и ММФ, кој ќе се одржи првиот ден од идната работна недела. Грчите политички партии веќе се обединија по за нив неуспешниот состанок. Венизелос, лидерот на ПАСОК упати апел до партнерите на земјата и кредиторите да се воздржат од користење на Грција како оправдување во рамките на пошироката европска криза, повторувајќи дека земјата која останува без готовина постојано донесува тешки одлуки. Грција остана без 31, 5 милијарди евра Состанокот кој заврши не успешно за Грција требаше да донесе 31,5 милијарди евра. Сите очекуваа и прогнозираа успех, но до него не стигнаа оние кои одлучуваат. Жан-Клод Јункер, пред состанокот тврдеше дека Грција ги исполнила обврските за буџетска дисциплина и затоа има големи шанси министрите за финансии од еврозоната вечерва да се согласат да и ја одобрат следната транша од финансиската помош. И Кристин Лагард, пред состанокот изјави дека ќе работат конструктивно со министрите за финансии од евро-зоната со цел да изнајдат решение за извлекување на Грција од кризата Оли Рен, како актуелен еврокомесар за економски и монетарни прашања беше убеден дека договорот ќе биде постигнат зошто според него Грција покажала дека е сериозна во врска со фискалните мерки и реформи. Дел од европски дипломати убедуваа дека договорот е постигнат, но вечерва сите очекувања пропаднаа. Самарас  за спас на својата држава, освен на парите кои требаше да ги добие вечерва 31,5 милијарди евра, се надеваше дека на почетокот на идната година ќе прими дополнителни 13 милијарди. Јужниот сосед парите ги очекува уште од Јуни годинава, а истите веќе беа одобрени на стартот на 2012та. Грчката економија во моментов изнесува 180 проценти од бруто домашниот производ, а се очекува до 2014та да порасне за дополнителни десет проценти. Власта во Грција во моментов  е исправена пред најтешкиот проблем. Додека работниците секојдневно протестираат и бараат враќање во нормала, тие мора да ги кратат трошоците и да ги намалуваат платите, иако овие мерки до сега не донесоа значителен резултат. Земјата во овие моменти нема време ниту за разочараност. Премиерот веќе  утре во Брисел  ќе се обиде да ги добие ветените пари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година