Грците лути!…нивниот двопек почнал да се произведува во Македонија
Објавено во: Балкан 13 Декември, 2012
Грчките потрошувачи и се налутија на компанијата „Елбиско“ и ја осудија бидејќи реши да го пресели производството на двопекот „Елит“ во Скопје, јавуваат медиумите од Грција.
Тие наведуваат дека на двопекот кој се продава во Грција пишува „Направено во Македонија од Жито лукс за Елбиско“, па сега потрошувачите се жалат дека компанијата одлучила да го пресели производството во Скопје и со тоа да остави десетици луѓе без работа во време на економска криза.
„Ова покренува многу прашања зошто уште една грчка компанија избира да се богати од Грците... хранејќи ги... Скопјаните“, пишува грчкиот портал Њузбомб, кој исто така ги пренесува и коментарите на „загрижените потрошувачи“ кои ги обвинуваат грчките бизнисмени затоа што профитот го ставаат пред се останато и ги поддржуваат другите балкански економии а, наместо својата татковина.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.