26 Јуни, 2024
0.0860

ГРУБИ ГИ ПОГОДИ ВО НЕРВ: Во право сте, не се возиме со службени возила и не користиме службени платежни картички! Еве што му порачаа антикорупционерите

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Откако Груби за антикорупционерите рече дека не ги бивало, Државната комисија за спречување на корупција, со соопштение му врати на нападите на првиот вицепремиер Артан Груби. Тој вчера гостувајќи на дневникот на ТВ Сител кажа дека „ДКСК не ги бива“, додавајќи дека немаат капацитет и немаат направено ништо.

„Во право сте г. Груби, Антикорупциска нема капацитет да се вози во службени возила 24/7 и за приватни цели, да злоупотребува државни простории, да користи репрезентација и службени платежни картички, ниту да се расфрла со буџетски пари, но бидете уверени дека има капацитет да ги исполни своите законски обврски и надлежности и да изработи бројни иницијативи и препораки кои сеуште чекаат ред и време за да се постапи по нив.

Да Ве потсетиме дека четири години по ред во Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, добиваме позитивни оценки за својата проактивност и отворање случаи против високи функционери, што е директна потврда за оправданоста на нашето работење и за ажурноста на Комисијата токму во овој состав. Исто така, во своите извештаи ЕК ги повикува надлежните институции да постапуваат по препораките на ДКСК.

Преку своето работење, независност  и непристрасност, Комисијата вложува сериозни напори да се задржи и зајакне интегритетот на институцијата, а со своето залагање за правилно разбирање на принципите и доследно владеење на правото, направи сериозен исчекор во сегментот во кој работи.

Зачудува фактот што оваа оценка на ЕК како највисоко тело на ЕУ Вие не ја признавате и изнесувате неосновани обвинувања, а истовремено се залагате за брз влез во ЕУ.

ДКСК е независна институција, со надлежност да постапува по предмети за избрани и именувани функционери. Квалификациите за капацитетите на Комисијата од страна на висок функционер од Владата на РСМ за кој има отворено предмет, не е ништо друго туку вршење притисок врз работата на Комисијата, и оркестриран обид за дефокусирање на јавноста. Ова дотолку повеќе што неодамна Кабинетот на вице премиерката за добро владеење ја обвини Комисијата за паушални и неосновани обвинувања поврзани со предметот за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко иако на прес конференцијата на ДКСК такво нешто не беше споменато, а вице премиерот за евроинтеграции на билатералниот скрининг за образование култура и спорт побара од претседателката да не ја известува ЕК за поднесената тужба за клевета од страна на директорот за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

ДКСК има капацитет да се избори со вашите оркестрирани напади“, стои во соопштението.



Можеби ќе ве интересира

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството