Груби по Приштина, оди во Тирана на средби за пописот
Објавено во: Македонија 22 Март, 2021
Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби по посетата во Приштина, денес и утре ќе престојува во Тирана, каде како што известуваат од неговиот кабинет, една од целите на посетата ќе биде и попишувањето ан дијаспората.
Груби во Тирана треба да се сретне со државниот врв и лидерите на албанските политички парти, но и општествени дејци.
„Тема на разговор на состаноците ќе биде билатералната соработка, европската интеграција, пандемијата и процесот на Попис во Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.
Груби треба да оствари посебни средби со претставниците на сите заедници во нашата земја во текот на неделата во врска со пописот на населението.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.