16 Јуни, 2024
0.0332

Груевски им соопшти на амбасадорите дека нема прифаќање на Тиранска платформа

Објавено во: Македонија 25 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, Никола Попоски, Никола Тодоров и Владимир Ѓорчев остварија средба со амбасадорите на Сојузна Република Германија, Обединетото Кралство, Кралството Шведска и Кралството Холандија, Кристине Д. Алтхаузер, Чарлс Гарет, Матс Стафансон и Ваутер Пломп, известуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека најдобар и најбрз начин да се излезе од политичката криза е спроведување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори. Причината за нивно одржување е поради фактот што по изборите се случија голем број на работи, главно поврзани со Тиранската платформа договорена во соседна држава, кои не беа презентирани за време на изборите и голем број на граѓаните чувствуваат голема изборна измама.

Во однос на дебатата во Парламентот од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека она што во моментот се случува во Парламентот е користење на сите законски и деловнички можности од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија за искажување на ставовите и позициите, низ парламентарната дебата, користејќи го максимумот на законот и она што го дава Деловникот. Ништо нема незаконски, и нема ништо што досега не се случило во минатото во Македонија, низ Европа и Светот, практично тоа е начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ го изразува револтот од прифаќањето и наметнувањето на Тиранската платформа, беше истакнато на средбата со амбасадорите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата беше посочено дека она на што ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува е наметнување на платформа договорена во канцеларијата на премиер на соседна држава, каде има карта на Голема Албанија, каде се поканети сите партии на албанците од Македонија и заеднички ја договараат платформата која има многу спорни и контроверзни делови и истата ја соопштуваат. А Заев според кажувањата на сите инволвирани, но и врз основа на негова изјава истата е прифатена во целост.

Што се однесува во однос на разговорите со ДУИ за коалицирање кои следеа во месец јануари годинава, од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека нема да се разговара за платформа која е донесена на етничка база во друга држава, по што разговорите се фокусираа на унапредување на користење на јазиците на немнозинските заедници во општините каде тие се над 20%..

Од ВМРО – ДПМНЕ беше посочено дека добро спроведените избори во Македонија не треба да се инцидент, туку пракса, како што и всушност е. Резултатот кој го оствари ВМРО-ДПМНЕ по број на освоени гласови на последните избори е многу близок со резултатот на изборите во 2014та година што е најдобра негација дека изборите во 2014-та не беа реални, поради што тие го бојкотираа парламентот, и ја оспоруваа неговата работа, беше посочено од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека е потребен дијалог и дебата, во рамките на институциите за поместување на работите, и организирање на избори за излез од кризата“, стои во партиското соопштение по средбата.

Претходно во текот на денот истите амбасадори одржаа состанок во ГЕМ клубот каде порачаа дека за меѓународната заедница решение е да се формира нова влада со изразеното парламентарно мнозинство, а да не се оди на нови избори бидејќи декемвриските ја постигнале посакуваната цел од Пржинските договори.


Можеби ќе ве интересира

Очајни условите во Студентскиот дом „Стив Наумов", Црвена младина бара итно реновирање

Очајни условите во Студентскиот дом „Стив Наумов", Црвена младина бара итно реновирање

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА НА САМИТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА СЕ СРЕТНАЛА СО ОВИЕ ЛИДЕРИ: Оттаму прати порака и за војната во Украин

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА НА САМИТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА СЕ СРЕТНАЛА СО ОВИЕ ЛИДЕРИ: Оттаму прати порака и за војната во Украин

И Талат Џафери „закачен“ во Влада

И Талат Џафери „закачен“ во Влада

ВМРО-ДПМНЕ ДЕНЕС ЌЕ ЗАСЕДАВА: Еве што треба да одлучуваат

ВМРО-ДПМНЕ ДЕНЕС ЌЕ ЗАСЕДАВА: Еве што треба да одлучуваат

ПО КОЈ ПАТ СЕ ДВИЖИ ДЕНЕШНАТА МЛАДИНА: Тепачка меѓу малолетници во скопски Аеродром-насилството документирано со телефон

ПО КОЈ ПАТ СЕ ДВИЖИ ДЕНЕШНАТА МЛАДИНА: Тепачка меѓу малолетници во скопски Аеродром-насилството документирано со телефон

ДЕНЕС СОНЧЕВО И ТОПЛО, А ПРОМЕНИ ОЧЕКУВАЈТЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК И ВТОРНИК: Временска прогноза

ДЕНЕС СОНЧЕВО И ТОПЛО, А ПРОМЕНИ ОЧЕКУВАЈТЕ ВО ПОНЕДЕЛНИК И ВТОРНИК: Временска прогноза

ЗИЈАДИН СЕЛА СО КЕЧЕ И ВО ДРЕС СО НАЦИОНАЛНИТЕ БОИ НА АЛБАНИЈА - со пријатели во Дортмунд навива за албанската репрезентација

ЗИЈАДИН СЕЛА СО КЕЧЕ И ВО ДРЕС СО НАЦИОНАЛНИТЕ БОИ НА АЛБАНИЈА - со пријатели во Дортмунд навива за албанската репрезентација

ДИРЕКТОРУВАШЕ СО МЕПСО И СО ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРАНСПОРТ, СЕГА ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА - кој е Орхан Муртезани од Алтернатива

ДИРЕКТОРУВАШЕ СО МЕПСО И СО ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРАНСПОРТ, СЕГА ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА - кој е Орхан Муртезани од Алтернатива

ОСТАНУВА ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФОТЕЛЈА НА КАВАДАРЦИ - најпопуларниот градоначалник Јанчев нема да оди на министерска позиција

ОСТАНУВА ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФОТЕЛЈА НА КАВАДАРЦИ - најпопуларниот градоначалник Јанчев нема да оди на министерска позиција