21 Јуни, 2024
0.0294

ОСТАНУВА ВО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФОТЕЛЈА НА КАВАДАРЦИ - најпопуларниот градоначалник Јанчев нема да оди на министерска позиција

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Митко Јанчев продолжува да биде градоначалник на општина Кавадарци, иако бил во игра за министерско место. 

Тој засега нема да биде дел од кабинетот на идниот премиер Христијан Мицкодки.

За дел од медиумите во земјава тој потврдил дека со мандатарот Христијан Мицкоски разговарал да биде дел од новата влада, но одлучиле да го истера до крај градоначалничкиот мандат.

„Во меѓусебен договор и координација со мандатарот Христијан Мицкоски, а во интерес на партиските и на идните владини програми и визии, останувам да ја водам општина Кавадарци како градоначалник. Ова значи дека преку локалното делување, а во соработка со идната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжам да ги подржувам сите активности, проекти и програми кои ќе донесат подобар стандард и кавалитет на живот“, рекол Јанчев.

Според информациите Јанчев бил во комбинација за министер за локална самоуправа.

Утревечер, по седниците на Извршниот и на Централниот партиски комитет, се очекува ВМРО-ДПМНЕ да ги објави имињата на нивните членови во новата влада.

Како што неофицијално веќе е познато, во кабинетот на Мицкоски ќе бидат ангажирани потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ на клучните министерски позиции. Министер за одбрана ќе биде Владо Мисајаловски, за финансии Гордана Кочовска-Димитриевска, за внатрешни работи Панче Тошковски, за надворешни работи Тимчо Муцунски, а за транспорт и врски Александар Николоски кој ќе биде и вицерпемиер. Сања Божиновска ќе го води новото министерство за енергетика, за образование се предлага Весна Јаневска,  дигитализација Стефан Андоновски,  земјоделие Цветан Трипуновски, култура актерот Зоран Љутков, а во новото за млади и спорт, министер ќе биде Борко Ристовски. Од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Димовски од СПМ ќе биде министер без ресор задолжен за политички систем.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ НАВАЛИЈА КОН ГРЦИЈА: еве колку се чека на граничните премини кон соседите - викендаши или на одмор?

МАКЕДОНЦИТЕ НАВАЛИЈА КОН ГРЦИЈА: еве колку се чека на граничните премини кон соседите - викендаши или на одмор?

КОМПЈУТЕРЏИИТЕ УБЕДЛИВО НАЈДОБРО ПЛАТЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: еве кои струки се меѓу топ петте плати во земјава

КОМПЈУТЕРЏИИТЕ УБЕДЛИВО НАЈДОБРО ПЛАТЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: еве кои струки се меѓу топ петте плати во земјава

МАКЕДОНИЈА И ПОНАТАМУ ВО ПОРТОКАЛОВО: времето и во текот на продолжениот викенд многу топло и спарно

МАКЕДОНИЈА И ПОНАТАМУ ВО ПОРТОКАЛОВО: времето и во текот на продолжениот викенд многу топло и спарно

„ЈАС НИКОГАШ НЕ МИСЛЕВ ТАКА“ - еве што објави Груевски по изјавата на Ципрас за промената на името

„ЈАС НИКОГАШ НЕ МИСЛЕВ ТАКА“ - еве што објави Груевски по изјавата на Ципрас за промената на името

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски го прифаќа предизвикот на Мицотакис за соочување на НАТО самитот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски го прифаќа предизвикот на Мицотакис за соочување на НАТО самитот

НИКОЛОСКИ: EУ има многу механизми со кои може да ја натера Бугарија да го повлече ветото

НИКОЛОСКИ: EУ има многу механизми со кои може да ја натера Бугарија да го повлече ветото

ВИСОКО ЗАГАДЕН ВОЗДУХOT ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ: Дали е ова поради прашината од Сахара?

ВИСОКО ЗАГАДЕН ВОЗДУХOT ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ: Дали е ова поради прашината од Сахара?

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО АГЕЛЕР: Пристапниот процес не смее да трпи политички притисоци од други земји членки

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО АГЕЛЕР: Пристапниот процес не смее да трпи политички притисоци од други земји членки

НАЈЧЕВСКА: Секој народ има власт каква што си ја заслужува

НАЈЧЕВСКА: Секој народ има власт каква што си ја заслужува