20 Декември, 2025
0.0725

Груевски: Лотаријата со фискалните е добар проект, СДСМ претходно им ја укинаа наградата игра на луѓето

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2013 21:28

Добивај вести на Viber

Лотаријата со фискалните сметки е одличен проект, граѓаните ќе ја прифатат со задоволство и ќе му помогне и на стопанството. Ова е ставот на премиерот Никола Груевски, кој повтори дека лотаријата  стимулира и дава мотив затоа што плаќањето ДДВ ја сузбива нелегалната конкуренција. „На некој начин се знае дека се плаќа данокот и парите одат на вистинско место. Од тие пари подоцна се финансира образованието, здравството, инфраструктурата, патиштата… Така што мислам дека граѓаните со задоволство ќе го прифатат тоа“, нагласи Груевски. Тој топката повторно ја сврте кон опозициската СДСМ и потсети дека наградната игра за собирање фискални сметки била воведена уште во крајот на 2001 година и во текот на 2002 -ра. „Значи, луѓето си добиваа станови, дуќани, автомобили, добиваа работи за домаќинството – фрижидери, шпорети… и одеднаш дојде СДСМ, го укина тоа, бидејќи не требало тоа. Тоа си даваше свои резултати. Потоа мислевме дека ќе воведат нешто ново. Еве сега зборуваат дека ќе воведеле враќање на ДДВ. Имаа шанса да воведат кога ги укинаа наградните игри, но не воведоа. Не знам како очекуваат луѓето да им веруваат дека ќе воведат сега бидејќи кога беа на власт не само што не воведоа враќање на ДДВ, туку и им ја укинаа наградата игра на луѓето“, истакна Груевски.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии