25 Ноември, 2024
0.0316

ГРУЕВСКИ ОТКРИВА СОЧНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА БРАТ ЉУБЕ: знаев како несмасно и непрофесионално се однесуваше за време на конфликтот во 2001 година

Објавено во: Македонија 26 Март, 2024

Добивај вести на Viber

По изјавата на Љубе Бошковски, со контрареплика се јави поранешниот премиер и претседател на ВРМО - ДПМНЕ, Никола Груевск.

Во негов стил, со дол пост, Груевски открива многу детали за времето кога Бошковски беше министер, за дел од нивните средби. 

Ја прочитав изјавата на Љубе Бошковски дадена денес. Дека ВМРО-ДПМНЕ ја напуштил, но не ја напуштил идеологијата. Дека тоа го сторил поради тоталитарното владеење од моја страна, со кое не можел да се согласи како демократ.

Љубе прв пат го запознав кон крајот на 1998 година или почетокот на 1999 година во мојата канцеларија која сеуште привремено беше во владата, пред да се преселам во зградата на Министерството за трговија, каде денес е сместено министерството за економија.

Тогаш тој ми кажа дека ќе бил заменик директор на службата за државна безбедност, а беше дојден за некои лични работи поврзани со ресорот кој го водев.

Ќе се воздржам за впечатоците кои ги добив и за многу други работи за кои може да се напише книга од жанрот траги-комедија, и директно ќе преминам на поентата.

Љубе Бошковски беше во притворот во Хаг. Јас и тој никогаш не бевме на иста фреквенција, но кога тој се најде во голема неприлика, тоа го заборавив - напиша Груевски на Фесјбук.

Потоа додава дека направил се што може да му помогнеме. Владата донесе одлука со која ги покри сите трошоци за неговата одбрана и се што можеше финансиски да се помогне, беше помогнато, подеднакво како и за Јохан Тарчуловски.

- Ниту еден од двајцата немаа забелешка во тој дел и напротив беа многу задоволни. Немаше нешто што побараа, а да не им беше исполнето.

Јас лично редовно го посетував во затворот поминувајќи во еден ден четири часа со него и потоа уште четири часа одделно со Тарчуловски, за што добив и не формални забелешки од многу високи политички истанци во европската унија од најмоќните држави, во смисла дека не е во ред што пречесто посетувам лица на кои ќе им се суди за многу тежок вид кривични дела со смртни последици за повеќе луѓе, бидејќи со тоа и во Македонија и во ЕУ оставам впечаток дека го одобрувам она за што се обвинети. Објаснував дека ние веруваме дека двајцата не се виновни за тоа што ги теретат, и продолжив со посетите, кои во таква ситуација многу им значеа.

Исто така бев препорачал и други партиски високо позиционирани лица да го посетуваат. Се трудевме на секој начин да му ја олесниме ситуацијата - истакнува Груевски

Потоа појасни дека „го третиравме како жртва, иако јас добро знаев кој е Љубе Бошковски бидејќи бевме колеги во владата на Љубчо Георгиевски“.

Вели дека знаел за сосема непотребното и недозволено пукање во кое тој како министер за внатрешни работи лично рани новинарка во 2001 година, која за малку не го загуби животот, случај кој тогаш некако се заташка.

- Знаев за начинот на кој го водеше министерството и како несмасно и непрофесионално се однесуваше за време на конфликтот во 2001 година, и за многу други работи. Ми беше јасен неговиот капацитет и карактер.

Единствено не знаев по кој критериум таков човек станал министер за внатрешни работи на Република Македонија и тоа во сред вооружен конфликт. Еднаш, во една прилика во владата, некаде можеби во 2013 или 2014 година го прашав Љубчо Георгиевски за тоа, и бев прилично директен прашувајќи како е можно еден таков кловн да дојде на таква позиција.

Тој ми ги кажа околностите кои довеле до таква одлука, но бидејќи има и лични моменти, ќе се воздржам од прераскажување на тоа - вели Груевски

Јавноста, дури и онаа вмровската јавност која заради припадноста го подржуваше, прв пат беше во длабок шок од него кога протече видео и аудио снимка во македонските медиуми од негово сослушување во Хаг. Од снимката јасно се слушаше и се гледаше како Љ.Бошковски најдиректно и најмизерно го мести и кодоши Јохан Тарчуловски за одговорен и виновен во случајот Љуботен, за кој ги теретеа пред хашкиот трибунал, се со цел да се спаси себе од одговорност.

Од самиот Јохан знам дека најпрвин таква понуда добил Јохан Тарчуловски, истото да го направи кон Љубе Бошковски, но тој не ја прифатил.

- Вториот, можеби уште поголем шок беше кога јавноста го виде и слушна Љ.Бошковски од видео и аудио снимката која излезе во македонските медиуми некаде во 2015 година и од која јасно се гледаше и слушаше како Љубе Бошковски го продава името Република Македонија за пари, на преставник на грчката држава, раскажувајќи како ќе го лажел народот во текот на изборната кампања за да ми земал политички поени и гласови, а потоа, верувајќи дека ќе победи, за два дена ќе ја завршел работата, прифаќајки го токму името “Северна”, што години подоцна и го прифати како дел од коалицијата на СДСМ.

Но, таа снимка не е онаа снимка заради која беше осуден, бидејќи тој тогаш земал само аванс, помал износ, туку кога ги земал главните пари, па беше уапсен со торба пари во себе, кои беа многу поголем износ, документирано исто како првиот пат со законски прибавен видео матерјал во еден скопски ресторант.

И за тоа Љубе се чувствува дека бил под прогон на режимот, а “независното судство” на Заев го ослободи од одговорност и веројатно од парите на граѓаните на Македонија му платија и парична оштета што извесен период беше во затвор заради тоа - истакнува Груевски .

Еве ја неговата изјава: 


Фото: Принтскрин/Фејсбук


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ