20 Декември, 2025
0.0489

Групацијата на македонските шпедитери асоцијативна членка на КЛЕКАТ

Објавено во: Економија 22 Април, 2013 13:09

Добивај вести на Viber

Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори при Стопанската комора на Македонија  стана асоцијативна членка на Европската асоцијација за шпедиција, транспорт, логистика и царински услуги (КЛЕКАТ), информира денеска на прес-конференција раководството на МИФА.

Таа асоцијација ги претставува интересите на над 19.000 компании кои вработуваат повеќе од 1.000.000 лица во логистиката, шпедицијата и царинските услуги. Шпедитерите и царинските посредници, членови на оваа европска асоцијација, царинат околу 95 проценти од сите стоки во Европа.

Асоцијативното членство овозможува учество на претставници на МИФА во работните групи на КЛЕКАТ и дискусии за сите можни прашања,  без  право на одлучување, односно гласање. Таква позиција има и УТИКАД, Националното здружение на шпедитери на Турција.

 - Бенефитот од учеството во КЛЕКАТ се однесува на можноста да се следи легислативата на ЕУ, што ја предлага Европската комисија,  искуството во однос на тоа како комуницира со своите членки што се дел од ЕУ, како носи одлуки и лобира во ЕК во делот на царинската легислатива, даноците и сите останати законски и подзаконски акти, рече заменик-претседателот на МИФА Стојче Василев.

Тој истакна дека МИФА веќе добива информации од КЛЕКАТ за сите одлуки и документи од Генералниот директорат на Европската Комисија кои се однесуваат на царинската и на даночната политика. Конкретно, до МИФА е проследен документ со информации за Царинскиот закон на унијата чија примена се одложува и информативен лист за третманот на стоките по приемот на Хрватска во ЕУ од 1јули годинава.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба