Грушко најавува поделби во Македонија
Објавено во: Свет 21 Јуни, 2018 08:27
Александар Грушко, заменик-министерот за надворешни работи на Русија, предвидува тензии и поделби со процесот на прием на Македонија во НАТО-алијансата.
„Проширувањето на НАТО не ги решава безбедносните проблеми, туку креира нови линии на поделби“, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко во одговор на прашањето на руската новинска агенција Интерфакс за последиците од можното македонско влегување во НАТО.
„Нашиот став спрема проширувањето на НАТО воопшто не е променет. Веруваме дека проширувањето на НАТО не решава ниту еден безбедносен проблем. Напротив, ги продлабочува и креира нови линии на поделби. Можеме да видиме дека секогаш кога овој процес е забрзан од геополитички причини, предизвикува тензии во земјите вовлечени во Алијансата“, изјави Грушко.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




