19 Декември, 2025
0.0341

ГРУЗИСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ВЕЛИ ДЕКА СМРТТА НА НАВАЛНИ Е ТЕМПИРАНА: Пораката е дека Русија прави што сака, каде сака

Објавено во: Свет 18 Февруари, 2024 15:20

Добивај вести на Viber

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабичвили изјави дека времето на објавувањето на смртта на рускиот дисидент Алексеј Навални не е случајност, туку порака од Русија.

Руската затворска служба првпат ја објави смртта на Навални непосредно пред почетокот на Минхенската безбедносна конференција во петокот.

„Мислам дека не беше случајно што смртта на Навални беше објавена неколку часа или минути пред почетокот на конференцијата во Минхен“, изјави денеска 71-годишната претседателка на последниот на Минхенската безбедносна конференција. 

Таа  ја обвини Русија за начинот на кој делува и покажува сила. 

„Тоа е вообичаената карактерна особина на руската активност, да се обиде психолошки да импресионира дека Русија прави што сака, каде сака. И тоа беше порака, мислам, за конференцијата во Минхен“, рече таа.

Тимот на Навални вчера ја потврди неговата смрт, повикувајќи се на мајката му, Људмила Навалнаја. Смртта на 47-годишниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, кој беше во затвор од 2021, се вели дека се случила во петокот во 14:17 часот.

Над 400 луѓе се уапсени во Русија по веста за смртта на Навални. Претходно, имаше поплаки дека Навални е изложен на студ во затворот, но и дека му ја пуштаат песната на Јарослав Шаман, инаку поддржувач на Путин. 

foto DPA

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела