19 Декември, 2025
0.0685

ГТЦ НИКАКО ДА ЗАСТАНЕ НА НОЗЕ: Симболот на Скопје продолжува да работи со огромни загуби

Објавено во: Економија 07 Август, 2025 08:10

Добивај вести на Viber

Градскиот трговски центар и физички и финансиски е на незавидно ниво - И 2024 година ја има завршено со загуба, овојпат од 396 илјади евра. И покрај приходот од 4,2 милиони евра, расходите од 4,6 милиони евра ја направија разликата, со која симболот на Скопје повторно се најде меѓу најголемите загубари.

За плати и надоместоци за вработените, во ГТЦ лани биле исплатени 1,8 милиони евра, или 300 илјади евра повеќе отколку во 2023 година, кога акционерското друштво за плати дало 1,5 милиони евра. Тука не се вклучени пресметки за регрес за одмор и слични надоместоци, кои се во износ од 93 илјади евра. За привремени вработувања, ГТЦ во 2024 година има издвоено 139 илјади евра.

Неколку пати, како најголем проблем во ГТЦ се споменуваше превработувањето, нешто што не се решава, бидејќи бројот на вработени оди нагоре.

„ГТЦ А.Д. - Скопје има целосна потполнетост на предвидениот број на вработени во поедини сектори, што директно има влијание на трошоците“, стои и во извештајот за 2024 година. 

И покрај тоа, трендот на зголемување на бројот на вработени во ГТЦ продолжува - во 2025 година, според официјалните податоци, овој загубар има 219 вработени.

Од буџетот на ГТЦ, одлеани се 16 илјади евра за репрезентација и спонзорство. За тековно одржување на објектот, потрошени се 216 илјади евра, но и покрај тоа, не се поправаат крупните работи. Кога станува збор за одржувањето, во многу лоша состојба се плочките, делови од фасадата, но и таванот кој е целосно застарен, а на некои места е дури и распаднат. 

Речиси 14 илјади евра пак, биле исплатени како надоместоци за управниот одбор. Повеќе од двојно се има зголемено сумата на кредити и камати - ако во 2023 година за ова се плаќале 59 илјади евра, во 2024 година, од буџетот на ГТЦ се одлеале повеќе од двојно, 115 илјади евра.

Градскиот трговски центар се жали и на наплата на побарувањата, нешто што според нив е причина да се преземаат само основни активности за одржување и вложување. 

„Отежнатата наплата на побарувањата ја загрозува ликвидноста на Друштвото. Поради ова, принудени сме со остатокот од средствата да преземеме само основни активности за одржување и вложување - реконструкции на застарените инсталации, опрема и мали градежни работи за реновирање на објектот. Поради неатрактивните локации на нашите неиздадени деловни објекти и покрај повеќекратното огласување нема заинтересираност за закуп“, велат од ГТЦ во годишниот извештај.

Во 2019 година, Градскиот трговски центар ја доби и зелената градина, една третина од целиот покрив на трговскиот центар кој освен што донесе зеленило во центарот на градот, требаше да го заживее „заспаниот“ ГТЦ.

Иако со намалени загуби во однос на претходните години, трговскиот центар кој сите досегашни директори велат дека е „јадрото на градот“ останува да биде еден од најголемите загубари, но и место во кое што се поретко граѓаните се одлучуваат да купуваат.

Лани, за нов директор на ГТЦ беше назначен Никола Соколовски, кој дојде заедно со комплетно променет Управен одбор, со сега има седум наместо претходните шест членови. Покрај Соколовски, членуваат и Ферик Белули, Јован Лукаров, Катица Грче, Виолета Блажевска, Васе Ангеловски и Александар Тасев. 

Александар Тодески

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии