Добивај вести на Viber
И дефинитивно ГТЦ ќе оди во барок, медимите ја објавија најновата одлука на Владата со која овој објект ќе се вклопи во целосната архитектура која го исцрта новиот лик на Скопје.
Претходно постојеа повеќе иницијативи со кои граѓаните сакаа да спречат ГТЦ да биде во барок, но пропадна иницијативата на Жерновски барокот да се спречи преку реферндум во Центар. Проблемот беше излезеноста, односно високиот цензус за успех на референдумот.
Градскиот трговски центар е објект кој е изграден во далечната 1971 година и е од големо значење за скопјани. ГТЦ има значење на ниво на целата држава како еден од најубавите претставници на модерната архитектура, кој сеуште е најдобриот и најсовремен трговски центар во градот, изјави уште кога се појави иницијативата за ГТЦ во Барок,
во интервју за Фактор, Сања Раѓеновиќ Јовановиќ од Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
Фактор: Колкаво е значењето на ГТЦ за скопјани и кои се вашите аргументи да не се менува ликот на овој објект?
Раѓеновиќ Јовановиќ Значењето на ГТЦ е огромно, за скопјани не само затоа што е дел од нивниот живот и секојдневие. Луѓето се врзуваат за работите кои со години секојдневно ги опкружуваат, за некого тоа има лична вредност, сентиментална, субјективна. Овде се работи за општо, објективно, јавен интерес. Не се работи за носталгија кон објект за кој патетично се врзуваме и го сакаме затоа што е наш, затоа што ни буди спомени, не поврзува со младост и слично. Значењето е многу поголемо и е над личните чувства и убедувања.
ГТЦ има значење на ниво на целата држава како еден од најубавите претставници на модерната архитектура, кој сеуште е најдобриот и најсовремен трговски центар во градот (и покрај вчера направените). И 40 години подоцна сеуште има современ израз и идеална урбанистичка концепција. ГТЦ е одличен пример во нашата архитектура, подеднакво е важен за авторт, скопјаните, сите граѓани на државата и е многу важен за архитектурата, за идните генерации и за идните архитекти, како објект од кој можат да научат и да се формира конечно едно високо, квалитетно ниво на естетската свест и поимање на уметноста.
Фактор: И покрај околниот амбиент, дали според вас беше неопходно и овој култен објект да биде со барокна фасада, дали со поинаква фасада објектот не би се вклопил во опкружувањето?
Раѓеновиќ Јовановиќ Овој објект како и ниеден друг не смее и не заслужува еклектична фасада, во наш жаргон наречена барок. Барокот не заслужува да биде употребуван како термин за новите објекти во градот. Најголем дел веројатно и не знаат кој е
Ѓовани Лоренцо Бернини, греота е човекот во гроб да се врти од нашиов “барок“. Објектот не мора да се вклопи во сегашното опкружување, новосоздадената архитектура е тешко вклоплива самата по себе, нема потреба од обид квалитените преостанати објекти да се вклопат во наведената.