Гугл ќе отвори продавници за своите паметни телефони
Објавено во: Стил
17 Февруари, 2013 11:00
Добивај вести на Viber
Американскиот интернет преберувач Гугл, планира да отвори сопствени продавници. Како што информираат од компанијата, овој план би се реализирал до крајот на годината, а во продавниците ќе се нудат производите на Гугл, таблети и паметни телефони Nexus и Chromebook.
Главната причина за отварање на сопствени продавници, според американските медиуми, е да се зголеми да се зголеми продажбата на најновиот производ на компанијата, очилата Google Glasses.
Од компанијата очекуваат дека овој уред ќе има многу висока цена земајќи ја предвид цената на прототип Explorer Edition која чинеше 1500 долари во пред-продажба.
Се очекува тие да чинат помеѓу 500 и 1.000 долари.
Гугл обично има “продавница во продавница” во рамките на синџирот на продавници Best Buy и Dixen во кои главно се работи на промоција на сопствените производи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: