Ѓукановиќ: Приватизацијата во Црна Гора е законски спроведена
Објавено во: Балкан 14 Декември, 2012 11:05
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека сите приватизации во Црна Гора се извршени во согласност со законот, како и дека обвинителството треба да спроведе проверка доколку при приватизацијата некој евентуално бил привилегиран.
- Сите приватизации во Црна Гора се спроведени согласно законот, односно транспарентно. Немам информации дека имало привилегии, а доколку имало, тоа е повик за државното обвинителство да почне истрага и одреди одговорност на секој службеник кој овозможил некој партнер да стане сопственик на државен имот, истакна Ѓукановиќ.
Ѓукановиќ за телевизија Црна Гора нагласи дека некои инвеститори не покажале одговорност и компетентност, поради што државата нема никакви причини да биде толерантна кон нив.
Владата на Црна Гора има морално право да спроведе политика на преиспитување на одговорноста на секој од приватизациските партнери и без селективност да ја прекине довербата. Државата има простор со разни мерки да обезбеди реализација на таа цел и создаде услови со нови партнери да се отворат нови производства и работни места, истакна Ѓукановиќ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии
ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени





