20 Декември, 2025
0.0346

Хакерски напад врз нуклеарка во Сеул

Објавено во: Свет 22 Декември, 2014 12:19

Добивај вести на Viber

Компјутерските системи во јужнокорејската нуклеарна централа биле мета на хакерски напад при што помал дел важни податоци биле украдени, соопштува компанијата „Кorea hydro and nuclear power “(KHNP) од каде истакнуваат дека нападите не ја загрозиле нуклеарната инсталација која вклучува дури 23 нуклеарни реактори. Експертите сепак сметаат дека контролата над нуклеарната централа би можела да биде загрозена. „Оваа демонстрација покажува дека, доколку некој настојувал злонамерно да се инфилтрира во системот, не е возможно да се тврди дека таквиот обид бил потполно блокиран“ истакнал експертот за нуклеарни реактори, Сух Кун јул од Националниот универзитет во Сеул. Министерството за енергетика соопштило, меѓутоа, дека е уверено оти нуклеарната централа може да одбие хакерски напади и да го блокира секој обид за влез во системот кој би можел да биде закана за безбедноста на реакторите. Веста за обид за хакирање на нуклеарните реактори во Сеул доаѓа паралелно со обвинувањата на САД упатени кон Северна Кореја за извршен хакерски напад над компанијата „Sony pictures“. „Sony pictures“ стана мета на хакерски напади поради најавата за филмот „Интервју“ во кој се зборува за измислен атентат врз лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја