ХалкЕко Скопје трча 10км по седми пат низ улиците на Скопје
Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2023 11:54

ХалкЕко Скопје трча 10км е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, ко-организатори се Триатлон федерација на Македонија и А.К. Работнички, под покровителство на Агенција за млади и спорт и Град Скопје. Насловен спонзор на трката е Халкбанк АД Скопје.



Победник во машка конкуренција на седмото издание на оваа трка е ДариоИвановски со време од 30:22 минути, на второто место се најде Тирон Мамуша од Албанија за 32:29 минути, додека трката трет ја заврши Иван Пешовски за 32:53 минути.




Кај дамите целта прва ја помина Билсерин Сулејман од Бугарија за време од 36:58 минути, второто место и припадна на Биљана Кираџиева од Србија за време од 38:54 минути, додека пиедесталот го надополни Маринела Цекова од Бугарија која ја зврши трката како третопласирана за 40:30 минути.
„Од локална трка која започна пред 7 години, ХалкЕко Скопје трка 10км прерасна во меѓународна трка. Оваа трка е втората трка во Македонија која е светски признаена од АИМС и Светска атлетика. Секоја година се зголемува бројот на учесници на оваа трка, што докажува дека нашите граѓани го сакаат трчањето и здравиот начин на живот. Во оваа прилика сакам да им честитам на победниците и ги поздравувам сите кои учествуваа на седмото издание на ХалкЕко Скопје трча 10км“- изјави Гордана Николовка од Сојузот на спортови на Скопје.
Оваа трка, како и сите останати трки кои се под палката на Сојузот на спортови на Скопје се мотивација за сите учесници, кои го даваат својот максимум, да продолжат со тренирање, вежбање и одржување на здрави и спортски навики.
пр објава
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




