03 Јули, 2024
0.0286

Хаос во Општина Центар: Улица „Костурски Херои“ ли е, или Бит Пазар?

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Улица „Костурски херои“ во населбата Буњаковец во Општина Центар во делот каде што се вози двонасочно помеѓу Универзална сала и сендвичарницата „Пласет Донер“ наликува на непроодно прометно место од Бит Пазар.

Локалните жители, кои со години се засегнати од метежот што се создава на оваа улица, го губат трпението и бараат од градоначалникот на општината Горан Герасимовски да преземе мерки против узурпацијата на просторот што ја прават кафулињата, меѓу кои најмногу се издвојува „Че“, и паркираните автомобили и велосипеди. Тротоари има, но практично се нефункционални за минувачите. Згора на се, тука е такси-станицата, поради што никој не може слободно да се движи низ просторот. На се ова се придодава и гласната музика која го нарушува одморот во слободното време.

- Крошните на липите се неискастрени и мораме да се наведнуваме за да поминеме на тротоарите. Да не зборуваме за масите и паркираните велосипеди со кои доаѓаат гостите на локалните кафулиња, Тука секако е и сендвичарницата,која го одложува сметот од дневниот промет каде што ќе се најде место, а да не зборуваме за неподносливата миризба што доаѓа од аспираторот, вели локален жител од самата населба кому сеедно му е дали минува пеш или со своето возило преку „Костурски херои“, бидејќи секојпат ги има истите маки кога се враќа дома или заминува некаде.

„Фактор“ испрати прашања до Општина Центар дали планира долгорочно да го расчисти урбаниот хаос што владее на „Костурски Херои“, но од таму ни рекоа дека граѓаните слободно може да пријават во соодветните служби доколку се соочат со непријатности.

- Секторот за инспекциски работи има надлежност за постапување во однос на кафе баровите и нивната урбана опрема. Во однос на такси возилата надлежност има Град Скопје преку инспекцијата за патишта и патен сообраќај како МВР сообраќајната полиција за неправилно паркираните возила. Доколку има нарушување на мирот со гласна музика или зафаќање на јавна површина со урбана опрема треба да се пријави до Секторот за инспекциски работи на Општина Центар со соодветна претставка, велат од општината.

Градоначалникот Герасимовски е повеќе од две и пол години на функција, а граѓаните на Центар секојдневно го потсетуваат дека треба приоритет да му се основните комунални проблеми, а не комуналиите што ќе ги наплати од новите згради кои секојдневно никнуваат во населбата. Кога веќе нема капитални остварувања, барем да се решат оние за кои треба да се завртат неколку телефонски броеви.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги објави кадровските решенија, се враќа и оградата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ги објави кадровските решенија, се враќа и оградата

РАДЕВ ДО МИЦКОСКИ: Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да се имлементира, a не да се ревидира

РАДЕВ ДО МИЦКОСКИ: Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да се имлементира, a не да се ревидира

ЦУК: Падна дел од фасада на зграда на булеварот Јане Сандански во Аеродром

ЦУК: Падна дел од фасада на зграда на булеварот Јане Сандански во Аеродром

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Оградата од ковано железо се враќа пред објектот

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Оградата од ковано железо се враќа пред објектот

ВИКТОР СТОЈАНОВ MУ СЕ НАЛУТИ НА ВИДИНОВСКИ ЗА РЕПОРТАЖА СО МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА: Кажувате дека нема Бугари, за тоа се одговара кривично

ВИКТОР СТОЈАНОВ MУ СЕ НАЛУТИ НА ВИДИНОВСКИ ЗА РЕПОРТАЖА СО МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА: Кажувате дека нема Бугари, за тоа се одговара кривично

ДОАЃА НА МЕСТОТО НА ЕЈУП РУСТЕМИ: Kоце Трајановски ќе раководи со Јавното претпријатие за државни патишта

ДОАЃА НА МЕСТОТО НА ЕЈУП РУСТЕМИ: Kоце Трајановски ќе раководи со Јавното претпријатие за државни патишта

ДЕСПОТОВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ВО ТИРЗ: Ќе се посвети на политичката кариера во СДСМ

ДЕСПОТОВСКИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ВО ТИРЗ: Ќе се посвети на политичката кариера во СДСМ

ВРЗ НЕА ПАДНА ДРВО ВО СКОПЈЕ: Жена заврши во болница

ВРЗ НЕА ПАДНА ДРВО ВО СКОПЈЕ: Жена заврши во болница

НОВИ КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА: Функции добија Пандов, Клековски, Трајанов...

НОВИ КАДРОВСКИ РЕШЕНИЈА: Функции добија Пандов, Клековски, Трајанов...