ХЕЈЛИ НАПИША НА ИЗРAЕЛСКА ГРАНАТА: Докрајчете ги!
Објавено во: Свет 29 Мај, 2024 17:48
Екс амбасадорката на САД во ОН и поранешна кандидатка за претседателска номинација, Ники Хејли, напишала брутална порака додека била во обиколка на областа на северната граница на Израел со Либан.
Таа е снимена како пишува „Докрајчете ги!“ на израелска граната, објави Франс прес. Фотографијата на платформата X ја објави Дани Данон, член на израелскиот парламент и поранешен амбасадор во ОН, кој ја придружувал Хејли за време на посетата.
На фотографијата се гледа како Хејли пишува на граната со виолетов маркер. Хејли беше амбасадор на САД во ОН за време на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Инаку, на 7 октомври лани палестинската терористичка група Хамас го нападна Израел. Војната уште трае.Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




