16 Мај, 2024
0.0289

Хемиското оружје во Сирија ги тресе меѓународните односи

Објавено во: Свет 15 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Хемиско оружје во Сирија го употребува тамошната вооружена опозиција, изјави шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф, пренесуваат западните медиуми. Според информациите со кои располага Иран, вели тој,  употребата на хемиското оружје е дело на вооружените групации во Сирија. Зариф  кој и самиот беше жртва на хемиско оружје во текот на ирачко-иранската војна до 1980-те, ја осуди употребата на оружјето за масовно уништување.
„Хемиското оружје сеуште е во рацете на екстремистите и терористите во Сирија, и тоа претставува закана, не само за Сирија", вели Зариф

Претходно Иран ја поздрави одлуката на Сирија за членство во Конвенцијата за забрана на хемиско оружје и побара и Израел да стане член на тој договор.

„Бараме од Советот за безбедност на ОН и меѓународната заедница да преземат сериозни мерки за да се принуди тој режим (Израел) да биде дел од конвенцијата за забрана на хемиско оружје“, изјави портпаролка на иранското МНР, Марзиех Афгам.

Американскиот претседател Барак Обама пак изрази задоволство од тоа што неговиот руски колега Владимир Путин го поттикнал својот „штитеник" сирискиот претседател Башар ал-Асад да го уништи своето хемиско оружје.
Во Интервју за ABC,тој вели дека меѓу него и Путин има големи несогласувања, но заедно работеле на важни прашања, како што е операцијата против тероризмот. „Се се разгледува преку призмата на руско-американските односи. Овде не станува збор за тоа, туку се работи за гаранцијата дека најлошиот вид оружје нема да дојде во рацете на ниеден убивачки режим, ниту во рацете на некои членови на опозицијата, коишто се против САД, како што се и против Асад", рече Обама. Во истото интервју тој посочи дека разменил преписка и со новиот ирански претседател Хасан Роухани и сака да го искористи потенцијалот и влијанието на Иран за стабилизирањето на ситуацијата во Сирија.

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија