05 Декември, 2025
0.3256

Hermitage Plaza – иднината на Париз

Објавено во: Стил 21 Септември, 2013 17:00

Добивај вести на Viber

Hermitage Plaza - проектoт за двата облакодери „близнаци“, е проценет на околу 4 милијарди долари и ќе биде најголемата руска инвестиција во Европа, информира Bloomberg. Се очекува изградбата на зградите да започне до крајот на 2013 година и да заврши во 2018 година. Двете гигантски кули ќе бидат малку пониски од Ајфеловата кула, но ќе ј надминат Shard, која се наоѓа во Лондон. Со висина од 320 метри тие ќе останат сепак пониски од зградата Burj Khalifa, која се наоѓа во Дубаи. Во самите облакодери ќе има деловен центар, хотел со 5 ѕвездички, спа и фитнес центар, ресторани, канцеларии и панорамски станови. Проектот, чија локација е на брегот на реката Сена ќе има доминантен станбен дел кој ќе зазема 2/3 од 86-те спрата. Се очекува секој од луксузните станови да се продаваат за минимум 4 милиони долари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: