29 Март, 2024
0.0233

(ХЕРОИ НА ГОДИНАТА) Максим и Миа Марија: Им ја дадовме косата на болните деца за да не се тажни

Објавено во: Стил 26 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Тие се меѓу нас, наши соседи, пријатели, роднини. Исти сме. Сепак тие се своевидни херои на денешницата. Во годината што измина многумина ги пробудија нашите емоции, ни предизвикаа радост, тага, солзи. Со нивните дела не инспирираа до срж. За Фактор, Женски магазин и Хаштаг тие се херои на годината. 

Четиригодишниот Максим Кочовски од Скопје, летово ја донираше својата коса за перика која ќе ја користат деца болни од рак. Ова храбро дете секако е дел од нашата листа на херои, но и уште неколку деца кои го сторија истиот подвиг:  Јана, Ангела, Вероника, Косара, Санела, Дијана, Леонида и многу други, како и Миа Марија Николовска чија приказна ја објавивме.


Мајката на Максим Кочовски, Вања и самата донирала коса откако мајка ѝ се излечила, а баба ѝ починала од рак 

Семејствата на децата ја испратија нивната коса во фризерски салон во Амстердам, кој веќе десет години добива донации од целиот свет, и изработува бесплатни перики исклучиво за деца кои се борат со ракот. Личната приказна на мајката на Максим, архитектката Вања Кочовска, по смртта на нејзината баба која починала од рак и нејзината мајка која успешно се изборила со болеста, ја инспиририраше да го направи овој хуман гест.

„ Се работи за иницијатива покрената од пред десет години од страна на тогашен фризерски салон во Амстердам и зема голем замав. Еве, десет години активно, во текот на целата година од секаде добиваат коса во вид на донации и изработуваат бесплатни перики стриктно за деца кои се борат со ракот. Наидов на здружението "ЗЕДМ Сложувалка" на фејсбук, кое е со седиште во Гевгелија и тие како посредници ми испратија адреса од Холандија“, ни раскажа Вања Кочовска, мајката на Максим. 


Миа Марија не била шишана откако е родена 

За да го подготви синот за хуманиот гест, таа многу разговарала со него. Вели дека тековно му раскажувала за децата кои се разболеле и немаат коса.

„ Му реков дека за нас што имаме повеќе коса, треба да им дадеме на тие што немаат за да не се тажни. Дека кога ќе оздрават пак ќе им порасне, а во меѓувреме ние ќе им дадеме од нашата. Му раскажав дека минатата година и јас ја дадов мојата коса, и дека, ете, сега некое девојче има косичка, а мене ништо не ми фали. Ми побара да ги види на слика сите деца. Морам да признаам дека ми тресеа рацете додека куцав на гугл: деца кои боледуваат од рак. Откако ги виде, покажа кон две-три од од децата и рече: „Сакам да им ја дадам на овие деца зошто тие се многу тажни“. Следниот ден отидовме и без никаков проблем трпеливо чекаше да му ги сплетат плетенките и да му ги исечат. Во моментот ми делуваше многу поголем и позрел отколку што навистина е“, додаде архитектката Кочовска. 

Мајката на четиригодишната Миа Марија, Даниела Николовска, за Женски магазин раскажа дека таа самата ја шишала својата ќерка. 


„Јас ја шишав бидејќи немаше трпение ни да отидеме на фризер“,вели мајката на Миа Марија, мајка Даниела.

„ Кога виде слики од дечиња кои се болни и немаат коса, и ѝ објаснив дека може да им помогне ако им ја даде нејзината. Веднаш се согласи. Седна и ми кажа:  Мама, шишај ме, да им ја однесеме косата на тие дечиња. Јас ја ишишав бидејќи немаше трпение ни да отидеме на фризер. Миа Марија не беше шишана откако е родена“, ни рече нејзината мајка Даниела.


Јана е дел од храбрите деца кои ја донираа својата коса 

“ Миа Марија е воспитувана да биде хумана. Секоја прилика ја користиме да помогне и да извлекува поука од тоа. Ја ишишавме косата само за таа намена и среќни сме што некое детенце ќе се израдува. Сега чекаме да порасне повторно за да ја донираме уште еднаш. Се надевам ќе поттикнеме и други на ваков убав гест“, додаде Николовска.

Милица Џаровска 


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи