19 Април, 2024
0.0245

(ХЕРОЈ НА ГОДИНАТА) Јане Велковски: Од операција на фудбалски меч

Објавено во: Стил 25 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Тие се меѓу нас, наши соседи, пријатели, роднини. Исти сме. Сепак тие се своевидни херои на денешницата. Во годината што измина многумина ги пробудија нашите емоции, ни предизвикаа радост, тага, солзи. Со нивните дела не инспирираа до срж. За Фактор, Женски магазин и Хаштаг тие се херои на годината. 

Во приказната за хероите, не може да не се спомене името на десетгодишниот Јане Велковски од Скопје. Неговата приказна за фудбалската љубов го обиколи светот, и докажа дека болеста, спинална мускулна атрофија (СМА) не е пречка да се постигне она што силно се сака.


Во септември годинава, на Јане му беше извршена операција на 'рбетот во Париз. Само две недели по операцијата, тој со семејството беше дел од публиката на натпреварот помеѓу „Париз Сен Жермен“ и „Црвена Ѕвезда“ од второто коло на Лигата на Шампионите. 

„ На Јане му ги менуваа шипките што му го држат исправен 'рбетот. Првите му ги вградија  во 2015 година, и му ги продолжуваа на секои шест месеци. Сега тој е пораснат, и требаше да му стават поголеми. Начинот на операција е најнеинвазивна метода кај деца кои се во раст и во развој“, ни изјави тогаш неговата мајка, Деница Велковска. 

Неколку дена пред операцијата, УЕФА го промовираше новиот свидео спот од проектот „Equal game“, кој започнува токму со Јане. Петтооделенецот од улилиштето “Димитар Поп-Георгиев Беровски“, веќе подолго време е заштитен знак на УЕФА. Во спотот, освен Јане се појавуваат и светски фудабалски ѕвезди како Роналдо, Меси и Погба. Видеото започнува со гласот на Јане кој е голман, на неговото маалско игралиште во населбата Хром, со маалските другари. 

Приказната за борбата на семејството Велковски почнa од оној момент кога ги добиле анализите и му била откриена болеста на Јане. Тогаш, мајката Деница и нејзиниот сопруг Ѓорѓи си ветиле дека на своето дете ќе му обезбедат сѐ што можат за и тој, како и другите деца да има среќен живот. 


Само две недели по операцијата, Јане со семејството беше дел од публиката на натпреварот помеѓу „Париз Сен Жермен“ и „Црвена Ѕвезда“

„ Бевме во голем шок, и требаше време да се надмине, да се соочиме со вистината и да застанеме пред предизвикот. Пребарувајќи на интернет, гледавме да останеме фокусирани на информациите со препораки за нега, сочувување на добрата состојба и што е можно повеќе пролонгирање на прогресот на болеста. Читајќи ги американците кои се лидери во сето ова, си земавме примери кои ни даваа надеж дека ќе успееме. Си ветивме дека ќе му обезбедиме на Јане она што има едно американско семејство со дете со СМА тип 2 за среќен и квалитетен живот. Тоа беше најтешкото нешто што сме го направиле, веднаш по тежината на борбата за лекот“, ни раскажа Деница.

Јане стана миленик на народот поради својата мила ѕвезда, уште од кога за прв пат се појави во медиумите . Тој беше придружба на фудбалската репрезентација на Македонија на квалификацискиот натпревар против Шпанија во јуни лани. Со своето семејство му беше гости на познатиот светски фудбалер Пол Погба, кој е негов голем идол. Сонот на Јане се оствари откако во живо го проследи натпреварот на „Манчестер јунајтед“ против „Севиља“ на „Олд Трафорд“, а добредојде му посака лично Погба. 

Милица Џаровска


Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре