ХИРУРГОТ ЈОТА ПОВЕЌЕ НЕ Е ВО КОМА: Состојбата му е подобрена, кажа д-р. Мојсова
Објавено во: Македонија 04 Март, 2021
Хирургот Ѓорѓи
Јота кој беше прегазен од страна на 16-годишно момче и кој поради тешките
повреди на мозокот веднаш беше хоспитализиран на Клиниката за анестезија,
реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ, веќе е во подобра здравствена
состојба.
Раководителката на КАРИЛ, доц. д-р. Маја Мојсова за Фактор информира дека професорот е разбиден од кома.
-Неговата состојба е подобрена. Не е повеќе на респиратор, но попради сериозните повреди на мозокот, останува на понатамошно интензивно лекување, изјави д-р. Мојсова.
Претходно, Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека професорот Јота по силниот удар на возилото БМВ ХБ се здобил со тешки повреди, односно дека има нагмечување на мозокот и на белите дробови, и дека беше поставен поставен на респираторна машина.
Тешката сообраќајна несреќа ја предизвика малолетник вечерта на 25 февруари околу 20.30. Хирургот Јота си заминувал од работа.
Патничко возило „БМВ ХБ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Сингелиќ удрило во него. Малолетникот се обидел да избега, но набргу кај трговскиот центар Рамстор бил запрен и фатен. Не се знае точно со колкава брзина возел и тоа допрва ќе се вештачи. Шестнаесетгодишното момче е приведено во полиција. Во согласност со Кривичниот законик предвидена е затворска казна од една до пет години. Во случајот станува збор за малолетник, па според законот тој може да добие и воспитно-поправна мерка и надзор од Центар за социјална работа, место малолетнички затвор. Него ќе му се суди според Законот за право на детето бидејќи тој нема наполнето 18 години.
А.Б.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.