ХИТ - Ѓоковиќ ги насмеа Станковиќ и Алегри: „Бразил? Ќе морам да ја прашам жена ми“ (ВИДЕО)
Објавено во: Спорт 16 Ноември, 2022 11:59
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Стефанос Циципас
во првото коло од групната фаза на завршниот Мастерс во Торино, а неговиот меч
од трибините го следеа фудбалските стручњаци Дејан Станковиќ и Масимилијано
Алегри.
Дејан Станковиќ остави белег на Чизма по заминувањето од Црвена звезда. Не му цветаат рози на легендарниот српски фудбалер на клупата на Сампдорија и нема сомнеж дека паузата добро ќе дојде!
Од друга страна, Новак Ѓоковиќ блеска, а од трибините во Торино ја имаше поддршката од Станковиќ и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри! Ѓоковиќ разговараше со двајца фудбалски стручњаци, а потоа се спомена мечот меѓу Бразил и Србија на Мундијалот!
Зборуваа за фудбал, а за тоа дали Новак ќе оди во Катар на 24 ноември и дали ќе ја бодри Србија од трибините на мечот со Бразил, даде интересен одговор.
- Морам да побарам дозвола од сопругата – изјави Новак и ги насмеа сите!
На 18 ноември од 16 часот и 30 минути орлите ќе имаат тренинг против Бахреин, а потоа ќе патуваат за Катар! Србија првиот меч го игра на 24 ноември (20 часот) против Бразил, четири дена подоцна (11 часот) следува меч со Камерун, а на 2 декември (20 часот) со Швајцарија.
Фото и Видео: Инстгарам
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





